Page 110 - su_klimentohridski
P. 110
Основно Училиште ,Кпимент Охридски“ - Прилеп
значи, седмо и осмо одделение ги завршила во една учебна година,
2003/04. Основното образование го завршила со континуиран осличен
успех.со сите петки по сите предмети.
Таа има посебен талент кон музиката.Нејзин омилен музички инс-
трумент е виолината.со која другарува уште од својата шеста година.
Паралелно со одењето во основно училиште, таа го посетува и за-
вршува редовно и основно музичко училиште во Прилеп.
Поради тоа што има посебен талент кон музиката.а посебно кон ви-
олината.таа посетува и вонредни часови по виолина кај познати виоли-
нисти.
По завршувањето на основното училиште во Прилеп, се запишува
во Средно музичко училиште во Скопје во учебната 2004/05 година. И во
ова училиште, Софија, го покажува својот талент кон музиката, посебно
кон виолината.Со завршена втора година во Средното музичко училиш-
те, поради нејзиниот посебен талент кон музиката, а посебно кон виоли-
ната, што го забележале и професорите од факултетот за музичка умет-
ност во Скопје, како редовна ученичка во трета година во Средното му-
зичко училиште во Скопје, е запишана и на прва година на Факултетот
за музичка уметност. Значи, таа е најмладиот студент, со само 15-годиш-
на возраст.
Сите испити од прва година на Факултетот за музичка уметност ги
положила во јунскиот испитен рок.Но, за да може да запише втора годи-
на на факултет, во учебната 2006/07 година, таа морала да го заврши и
Средното музичко училиште. Значи, трета и четврта година на Средното
музичко училиште, таа ги завршува за една година,2006/07 година и на-
место за четири, таа Средното музичко училиште го завршува за три го-
дини. А тоа значи дека, Софија, во една учебна година завршила трета и
четврта година од средното училиште и прва година на Факултет за му-
зичка уметност. Сето тоа го направила со само 16-годишна возраст.
Со виолината учествувала на разни домашни и странски натпрева-
ри на кои што освоила 15 награди, меѓу кои први и втори места. Исто та-
ка учествувала на бројни концерти во Македонија и во странство.
110

