Page 105 - su_klimentohridski
P. 105
45 години постоењв и развој, (1962/63 - 2007/2008)
година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 2006 го-
дина ја врши должноста заменик директор на Центарот за управување
со кризи на Република Македонија.
Покрај наброените професионални активности, Блаже, е стручно
ангажиран како член на повеќе комисии. Набројуваме неколку:
-член на Статусно — правната комисија на Собранието на општина
Прилеп;
-член на постојаната Анкетна комисијата за човекови права и
слободи во Собранието на Македонија;
-член на Комисијата за труд и социјална политика на Собранието на
Р Македонија;
-член на Работната група за реформи во судството при
Министерството за правда на Р Македонија;
-претседател на Работната група за состојбата на раселените лица
во Р Македонија и други.
Марјан Матракоски
Советник за образование и спорт на општина
Прилеп
Роден е 1966 година во Прилеп.Завршил
гимназија во Прилеп, а потоа Природно - ма-
тематички факултет во Скопјена групата гео-
графија во 1990 година. Работел како профе-
сор по географија во повеќе училишта. Од
2005 година работи во локалната самоуправа
на општина Прилеп на работното место Со-
ветник за образование и спорт.
Димитар Чаески
Самостоен инспектор во СВР Прилеп
Роден е 1966 година во Прилеп. Завр-
шил гимназија во Прилеп, а потоа Правен фа-
култет во Скопје во 1991 година. По завршу-
вањето на факултетот извесно време рабо-
тел како волонтер во Општинскибт суд во
Прилеп. Во 1994 година се вработува во СВР
Прилеп. Сега работи на работното место Са-
мостоен инспектор во СВР Прилеп. На ова
работно место е од 2003 година.
105

