Page 101 - su_klimentohridski
P. 101
45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)
вереник на општествениот капитал на Тутунскиот комбинат во Прилеп и
член на управниот одбор на ЈП за Аеродромски услуги „Македонија“ во
Скопје.
Од 18 јули 2007 година е директор на Казнено - поправната устано-
ва Затвор во Прилеп.
Илија Ацески
Референт за развој при ЈП за Стопанисување
со станбен и деловен простор во Прилеп
Роден е 1962 година во Прилеп. Завр-
шил гимназија во Прилеп, потоа Градежен
факултет во Скопје во 1988 година. По завр-
шувањето на факултетот се вработил во
ПМП „Димче Бањарот“ во Прилеп. Тука оста-
нува на работа до 1999 година. Од 1999 до
2004 година е заменик директор на Јавното
претпријатие за стопанисување со станбен и
деловен простор во Прилеп. Од 2004 година
ја извршува должноста во ова претпријатие
Референт за надзор.
Рубинчо Велески
Поранешен директор на ЈП „Пазари" во
Прилеп
Роден 1962 година во Прилеп. Завршил
гимназија во Прилеп, а потоа Природно - ма-
тематички факултет во Скопје, група геогра-
фија. На струката што ја завршил никогаш не
работел. Првото вработување му било во ЈП
„Пазари“ во Прилеп на работното место ди-
ректор. На оваа должност останал два ман-
дата. Потоа заминал на работа во ЈП „Кому-
налец“ во Прилеп на работното место раково-
дител на Градски гробишта. Оваа должност
ја извршувал се до март 2007 година. Сега
работи во истото ЈП како службеник.
101

