Page 103 - su_klimentohridski
P. 103
45 години постоење и развој. (1962163 - 2007/2008)
Звонко Станојоски
Шаховски велемајстор
Роден е 1964 година во Прилеп. Завр-
шил гимназија, а потоа Електротехнички
факултет во Скопје.
Во 1981 година, Звонко како ученик
во Гимназијата „Мирче Ацев“ во Прилеп,
станува првак во шах на Прилеп и вероват-
но дотогаш најмладиот градски првак во
шах, освојувајќи ги 100% поените.
Еве што раскажува Звонко за својата
шаховска кариера:
„Шах научив да играм некаде 1974 го-
дина. За мојата љубов кон шахот и шаховс-
ката игра, најголем виновник е Никола Ди-
моски, постар од мене околу четири годи-
ни. Јас и уште неколку деца живеевме во
истата зграда заедно со Никола. Шах иг-
равме на починалиштето од зградата. Никола веќе активно играше шах.
Еден ден не собра и ни рече дека ќе ни игра шах на слепо. Ние, 4-5 деца
од едната страна, а тој свртен со грбот од другата страна. Игравме така
и тој сите не победи. Ни беше чудно, но во шахот може и тоа.
Потоа почнав да одам во Шаховскиот клуб во Старата чаршија ка-
де што ги учев тајните на шаховската игра, гледајќи ги постарите како
играат шах, а истовремено ја проучував и литературата со која што рас-
полагаше клубот. Прв учител и тренер ми беше Александар Тодороски.“ .
Првите првенствени партии ги одиграл во 1976 година на пионерс-
ките првенства, како член на Шаховскиот клуб „Тутунски комбинат“. От-'
тогаш започнува неговото активно дружење со шахот, учествувајќи на
пионерските и младинските натпревари во Прилеп и во Македонија, а
потоа и на настапите во сениорска конкуренција.
Од 1978 година е член на пионерската екипа на ШК „Тутунски ком-
бинат“ и таа година овој клуб го освоил првото место на Екипното пио-
нерско првенство на Македонија, а потоа и првото место на Екипното
првенство на Југославија.
Почнуваќи од 1981 година па наваму се до 2000 година, на 11 град-
ски првенства во шах, Звонко, редовно го освојувал првото место.
Од 1992 година, па до денес, има играно на сите поединечни шам-
пионати на Македонија на кои што секогаш бил во врвот на табелата.
Така 1992, 1995, 1996, 1997, 2001, 2003, 2005 и 2006година го освоил пр-
вото место, а во 1993 и 1994 година второто место и трето место освоил
1998, 1999, 2002 и 2004година.
За Македонската шаховска репрезентација настапувал во следните
Шаховски олимпијади: 1994 во Москва, 1996 во Ереван, 1998 во Елиста,
во 2002 во Блед, 2004 во Калвија, 2006 во Торино. Покрај тоа за Маке-
донската шаховска репрезентација учествувал и на Европските екипни
првенста во 1999 и 2003 година во Грузија, односно во Бугарија.
103

