Page 117 - su_klimentohridski
P. 117
45 години постоење и развој, (1962/63 — 2007/2008)
- ОД ПЕРОТО НА РЕЦЕНЗЕНТИТЕ -
Благодарна е идејата да се пишува за четириесет и пет
годишната историја на ОУ „Климент Охридски“
Трудот на наставникот Асен С. Стеменов, и по структурата на во него заста-
пените содржини и по соодносот меѓу нив, успева да даде една целосна слика за
раѓањето на растежот на воспитно — образовната установа, позната под името ОУ
„Климент Охридски“ — Прилеп. Тој следи една убава традиција воспитно — образов-
ните установи монографски да ја сочуваат меморијата за своето постоење. Тоа го
чини на еден веќе практикуван од други автори начин, но и на начин што содржи во
себе оригиналаен, досега непознат пристап кон предметната материја.
Во почетокот на монографијата се содржани биографските податоци за па-
тронот Климент Охридски. најистакнатиот ученик на Кирил и Методи. Потоа следи
воведот за авторовите мотиви за пишување на оваа монографија, а по него подато-
ците за четириесет и петте години постоење и развој на училиштето, почнувајќи од
деталите за неговата локација и изградбата на училишната зграда, а завршувајќи со
почетокот на првата учебна година, со преглед на наставните планови и програми од
таа учебна година.
Во поглавието „Настава“ акцентот е ставен на вкупната програмска структура
на ова основно училиште, во распон од наставата до она што претставувало и прет-
ставува јавна и кутурно — просветна дејност на училиштето и унапредување и сле-
дење на наставно — воспитниот процес. со подробен приказ на сите историски про-
мени што го следеа нашето образование, во времето од учебната 1962/63 до 2007/08
година. Со внимание се обработени и кадровскиоит растеж на училиштето и кадров-
ските промени, посебно на планот на директорската функција. Во детали преставе-
ните наставни планови и програми се слика за сите проблеми и успони на ова
училиште и воопшто на нашето основно образование, во услови на претходниот оп-
штествено — економски и образовен и новиот транзиционене општествено - економ-
ски и образовен систем.
Авторот се задржува и на слободните ученички активности. како и на слобод-
ните културно - уметнички и забавни активности, со посебен нагласок на креа-
тивните резултати на бројните секции од училиштето. остварено во содејство на нас-
тавниот кадар и учениците. Во монографијата се содржани и податоци за слободни-
те активности за здобивање со нови знаења, а не се запоставеани и прашањата за
грижата на училиштето за здравјето на учениците, за јавната и културно — просвет-
ната дејност, како и за ученичките и другите организации под негов покрив.
Стаменов грижливо ги обработува проблемите на следењето, вреднувањето и
унапредувањето на воспитно — образовната работа, управувањето и раководењето
со училиштето, како и општествено — корисната работа научениците.
Посебно оригинални се поглавјата за наставниците и учениците што завршиле
основно образование во училиштето, а кои допринесле за негова афирмација со на-
тамошните нивни образовни. општествеи и професионални ангажмани и резултати.
што е сведоштво за фактот дека ова училиште се гордее со своите наставници и
ученици во неговата четири и пол децениска историја.
Заслужува и респект и трудот на авторот. монографијата да ја илустрира со
соодветни фотографии од историјата на училиштето. што несомнено ја збогатува неј-
зината документарна вредност.
Резимето на англиски јазик ја отвора можноста оваа публикација да комуници-
ра и со странство и да биде афирмативен прилог како за ова училиште. така и за ма-
кедонското основно образованаие во целина.
Благодарна е идејата да се пушува за 45 годишната историја на едно угледно
Прилепско основно училиште, зашто последново остави светла трага не само во ис-
торијата на прилепската просвета. ами и во историјата на македонското школство
Д-р Весна Чешелкоска, дипл инг.
Доцент на Техничкиот факултет - Битола
117

