Page 118 - su_klimentohridski
P. 118

Основно Училиште ЈКлимент Охридски' - Прилеп


                Книга за целосна слика за животот и работата на
                           училиштето во изминативе 45 години


                 Идејата на наставникот во пензија, Асен С. Стаменов, да се ангажира со
          пишан збор да го проследи 45-годишното постоењ и работа на ОУ „Климент Ох-
          ридски“ е благородна и хумана.
                 Основното училиште е установа што претставува основна клетка во вос-
          питно - образовниот процес на младите генерации.
                 Се чувствувам почестена што имам можност да ги напишам овие редови,
          зашто најубавите години од својот живот ги поминав во него, опкружена со на-
          јмилите - учениците.
                 Во оваа книга авторот ја проследува работата на училиштето од почетоци-
          те на неговата изградба, октомври 1961 година, почетокот на наставно - образо-
          вниот процес во 1962, па се до денешни дни.
                 Читателот, земајќи ја оваа книга во рацете, ќе добие целосна слика за жи-
          вотот и работата на училиштето во изминативе 45 години.
                 Во поголемиот дел на книгата, што е разбирливо, тој го посветува на вос-
          питно — образовниот процес, неговата реализација од голем број наставници и
          професори, нивното континуирано стручно усовршување и напредувње, како и
          на нивните воспитаници.
                 Како составен дел на воспитно - образовниот процес авторот ја презенти-
          ра и работата на останатите активности за здобивање на знаења, јавната и кул-
          турната деЈност на училиштето, грижата за здравјето на учениците, како и уна-
          предувањето на вреднувањето на воспитно - образовниот процес низ разни
          форми.
                 Во дел од книгава се осврнува и на начинот на раководење и управување
          на училиштето, промените во наставнитге програми, на наставниот кадар, на
          раководните тела, работата на педатошко - психолошката служба.
                 Не се занемарени ни работните ангажмани на административно - те-
         хничкиот персонал, библиотеката, стоматолошката амбуланта. Колку успеШно
         си ја исполнило основната задача, какви луѓе на општеството му подарило,
         читателот ќе се увери во делот на книгата, во која авторот Стаменов, дал пре-
         глед на не мал број успешни луѓе, поранешни ученици на училиштето, кои со
         својата работа, знаење и авторитет го афирмирале ова училиште. Тука читате-
         лот ќе сретне доктори на науки, магистри, универзитетски професори, лекари
         успешни бизнисмени, новинари, музичари, спортисти и тн.
                На крајот ќе кажам дека Асен С. Стаменов, презентирајќи ни ја неговата
         книга, дава голем допринос, запознавајќи ја пошироката јавност со животот и
         работата на ОУ „Климент Охридски" во текот на четири и пол децениското ра-
         ботење.
                                                                                Проф. Мирјана Славеска
                                                                Поранешен директор на училиштето



















         118
   113   114   115   116   117   118   119   120   121   122