Page 120 - su_klimentohridski
P. 120
45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)
БЕЛЕШКА ЗА АВТОРОТ
Асен С. Стаменов е роден на 28 јули
1937 година во с. Буцалево, општина Бо-
силеград, Република Србија. Потекнува од
сиромашно, селско — земјоделско и многу-
детно семејство. Неговите родители, Сто-
јане и Митра, имале пет деца, а Асен е
трето дете по ред.
Осново образование и гимназија за-
вршил во своето родно место. По завршу-
вањето на гимназијата, Асен, две години
паузира поради немањае на финансиски
Асен со сопругата Магдалена
средства. За тоа време им помагал на свои-
те родители во извршуванзето на селско — земјоделскит работи. Кога се јаву-
вале слободни периоди, одел на работа во Белград каде работел молеро — ѕи-
дарски работи по белградските фабрики.
По наговор на родителите дека ќе му обезбедат средства за студирање.
во учебната 1960/61 година се запишува на Вишата педагошка школа во Скопје
на групата македонски и српскохрватски јазик и литература на југословенските
народи. Студиите ги завршил навреме. Дипломирал во септември 1962 година.
За време на студирањето во Скопје се запознал со својата сегашна сопру-
га, Магдалена Петреска од Прилеп. Со неа склучил брак во август 1962 година.
По завршувањето на ВПШ од 1 септември 1962 година се вработува во ОУ
„Круме Волнароски" во с. Тополчани на работното место наставник по македонс-
ки и српскохрватски јазик. Во ова училиште работи до 31 август 1966 година. а
од 1 септември 1966 година преминува на работа во ОУ „11 Октомври“ во При-
леп, подоџна во ОУ „Климент Охридски" на работното место наставник по маке-
донски јазик. Во ова училиште останува се до пензионирањето во август 2002
година.
За успешно завршување на студиите на ВПШ во Скопје, Асен, им се заб-
лагодарува на своите родители што го охрабриле и помогнале со финансиски
средства да го продолжи образованието, Посебна благодарност. за престојот на
студии во Скопје им искажува на зетот Стојко Сарафимовски и сестрата Савка.
кои го примиле на стан и храна, и покрај лошите услови за живеење. бидејќи тие
живееле во две мали тавански собички во тогашната Парна пивара - СкопЈе. со
две малолетни ќерки.
Исто така голема благодарност искажува и на својат асопруга, Магдалена,
која му била единствениот најголем поттикнувач и поддржувач за се што постиг-
нал на полето на просветната дејност.
Им се заблагодарува и на неговите учители и наставници од основното
училиште, на професорите од гимназијата, што му дале добро основно и гимна-
зиско образование. Не ги заборава ни професорите од БПШ во Скопје од него-
вата група, а посебна благодарност искажува на професорот Васил Иљоски.
Покрај оваа книга за ОУ „Климент Охридски" тој е автор и на Монографи-
јата на Специјалното основно училиште ..Марко Цепенков" од Прилеп, подоцна
Работна единица и на крајот посебни паралелки при ОУ „Климент Охридски". по
повод 40 години од постоењето (1966-2006).
За своето.скоро петдецениско. живеење во Прилеп, Асен вели:
Роден во тебе не сум,
но се слеав со тебе.граде,
те засакав многу јас.
ме гушна ти, во прегратките твои
ко мајка родените чеда свои.
ТЕП

