Page 8 - su_klimentohridski
P. 8
климент охридоки
Биографски податоци
(Патрон на училиштето)
Климент Охридски е најистакнатиот ученик на Кирил и Методиј кој, досле-
ден на своите учители, го продолжил со успех нивното дело. Тој е основополож-
ник на словенската писменост во Охрид и тоа во времето кога, во ретко кој друг
европски центар, можело да се сретне од таков ранг. Климент Охридски е
првиот словенски писател за кого постојат непобитни докази.
Климент спаѓа во редот на оние ученици на Кирил и Методиј кој им пома-
гал уште во подготовките за Моравската мисија и заедно со нив ги просветувал
Словените во Моравија и Панонија, престојувал во Рим, каде што, веројатно го
добил и името Климент. За неговото родно место и родното име нема податоци.
По враќањето од Рим, му помагал на Методиј во просветувањето на Сло-
вените во Моравија и Панонија и во борбата за одбрана на словенската пис-
менот од нападите на латино - германските свештеници. По смртта на Методиј,
Климнет, Наум, Ангелариј и Сава биле изгонети од Моравија. По долги искуше-
нија и измачувања, пристигнале во бугарската престолнина Плиска. Бугарскиот
кнез, според Житието, им приредил голем пречек, зашто и нему му биле пот-
ребни учители што ќе го просветуваат народот на словенски јазик. Климент не
останал долго време во Плиска. Набргу заминал за Кутмиќевица. Некои
научници сметаат дека љубовта на Климент спрема родната земја го натерала
да се врати во неа т.е. да ја напушти бугарската престолнина.
Во Кутмичевица, Климент, останал седум години (од 886 до 893) во свој-
ство на учител и со функција да врши надзор над црковните работи. Особено се
истакнал како педагот и организатор на просветната дејност. Според кажува-
њето на Житието, Климент во Охрид собрал коколу 3500 ученици и ги оспосо-
бил како добри учители и свештеници, кои во Македонија наставата во учи-
лиштата и богослужбата по црквите ја изведувале на словенски јазик. Овој ус-
пех на Климент бил толку голем што со право неговото училиште во науката и
историЈата се смета како прв словенски универзитет.
Продолжил со организирњето на словенската просвета и црква во Маке-
донија, иако среќавал големи непријатности од стана на епископот Гаврил, кој
по народност бил Грк. Исто така бил незадоволен од воените дејства што ги
превземал Симеон, од кои што страдало најмногу македонското население.
Измачен од тешките искушенија што го придржувале во текот на целиот
живот, истоштен од долгогодишната напорна и предана работа врз создавање-
то, одбраната и афирмацијата на словенската писменост, Климент умрел во
Охрид 916 година во манастирот Свети Пантелејмон, што го изградил тој и во кој
ги поминал последните години од својот живот.
Огромно е значењето на Климент што го пројавувал во организацијата на
словенската црква и образованието. Изградил неколку цркви и манастири, кои
на прво место стои таканаречениот Климентов универзитет. Исто така го
месното население и во унапреудување на земјоделството, особено
подучувал I— .
во припитомување на дивите овошки. Сепак, најважна е Климентовата книжев-
на дејност.

