Page 11 - su_klimentohridski
P. 11

45 години постоење и развој, (1962163 - 2007/2008)

                  45 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ И РАЗВОЈ НА ОСНОВНТО
                 'УЧИЛИШТЕ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ" ОД ПРИЛЕП



                   Основното училиште „Климент Охридски“ се наоѓа во старата
            градска населба „Варошко маало“ во централниот дел на градот, на ули-
            ца „Кузман Јосифовски“ бб. Опколено е со населбата „Варош , исто така
            една од најстарите населби на градот, населбата „Точила1, населбата
            „Бончејца“, Булеварот „Гоце Делчев“, деветокатницата, или како што ја
            викаме     „Кулата“, некогашната Стоковна куќа, сега „Тедико1, Домот на
            културата „Марко Цепенков", и црквата Свети Кирил и Методиј.
                   Изградбата на училиштето започнала во есента 1961 година. Пот-
            реба за изградба на ново училиште во оваа насаелба имало уште од по-
            рано, бидејќи бројот на учениците постојано растел, а исто така и бројот
            на жителите во населбата, па старата зграда не можела да ги задоволи
            потребите. Во неа се учело само до четврто одделение, а потоа учени-
            ците, од петто до осмо одделение, своето основно образование го про-
            должувале во другите Основни училишта во градот: „Кочо Рацин“, „Рам-
            по Ј1евката“, „Добре Јованоски“ и „Браќа Миладинови“.
                   Со планот било предвидено да се изгради голема зграда со 22
            училници, кабинети, фискултурна сала и други потребни простории. Со
            таков план биле поставени темелите. За изградба на зградата биле пот-
            ребни 146 милиони динари. Но, поради немање на толкави средства.
            планот е намален, продолжено е со градбата, но сега со 108 милиони ди-
            нари. Изградени се 18 училници фискултурна сала, парно греење, прос-
            тории за наставниците и директорот и други помошни простории. Изгра-
            дена е до почетокот на новата учебна година 1962/63. Со работа се за-
            почнало на 2 октомври 1962 година. Уште од самиот почеток зградата
            до максимум е искористена, бидејќи уште од самиот почеток со работа
            започнале две Основни училишта: „Климент Охридски“ и „11 Октомври".
            За наредната учебна година овој простор ќе биде мал и ќе има потреба
            од воведување на трета смена. Од бившото четиригодишно основно учи-
            лиште кое имало 4 први, 4 втори 4 трети, 5 четврти одделенија две ком-
            бинирани паралелки од прво до четврто за деца со психофизичка зао-
            станатост, специјални паралелки, и оние што се вратиле, од петто до ос-
            мо одделение, од другите основни училишта од градот, имало вкупно 892
            ученика, кои бил поделени во двете новоотворени основни училишта.
                   Во почетокот на учебната 1962/63 година во ОУ „Климент Охрид-
            ски“ имало вкупно 26 паралелки од прво до осмо одделение, влјучувајќи
            ги тука и учениците, од прво до четврто, од населбата „Варош“, српско-
            хрватската паралелка и двете комбинирани паралелки за ученици со
            психофизичка заостанатост.

                   Во ОУ „11 Октомври“ во почетокот на истата година имало 21 пара-
            лелка од прво до осмо одделение, вклучувајќи ја тука и комбинираната
            паралелка од прво до четврто одделение во село Мажучиште.
                   Во ОУ „Климент Охридски“ таа учебна година наставата ја изведу-
            вале 30 наставника, кои биле стручно оспособени да изведуваат                                  наста-
            ва во   основно училиште. Прв директор на училиштето е Крајче Попоски.
   6   7   8   9   10   11   12   13   14   15   16