Page 9 - su_klimentohridski
P. 9

ВОВЕД


                  Пишувањето на оваа книга за Основното училиште „Климент Ох-
           ридски“ од Прилеп е поради тоа што оваа 2007 година е јубилејна за
           училиштето. Тоа полни точно 45 години од отворањето, како полно
           осумгодишно училиште, во дгшечната 1962 година на 1 септември. Тогаш
           е дадена во употреба новоизградената училишна зграда, во кја уште од
           самиот почеток         започнале со работа две Основни училишта: „Кпимент
           Охридски“ и „11 Октомври". Зградата била на ОУ „Климент Охридски а
           ОУ 11 Октомври" е кираџија во истата. Подоцна, од 1 септември 1966 го-
           дина, во истата зграда ќе започне со работа и Специјалното училиште
           „Марко Цепенков“, кое постанало од посебните паралелки што постоеле
           при ОУ „Климент Охридски“.
                  За Специјалното основно училиште „Марко Цепенков“ во оваа книга
           нема ништо да се зборува, бидејќи за него беше издадена посебна Моно-
           графија во 2006 година од истиот автор, а по повод 40 годишнината од
           постоењето и работата на истото (1966 — 2006).

                  Се до 1 септември 1978 година во истата зграда работеа трите по-
           горе спомнати основни училишта. Од таа дата па наваму, спрема новите,
           тогаш, законски прописи, што беа донесени за организирање на основ-
           ните училишта во Македонија, ОУ „11 Октомври“, Специјалното основно
           училиште „Марко Цепенков“ и ОУ „Климент Охридски“ се здружија во
           едно основно училиште како Основна организација на здружен труд
           (ООЗТ) ОУ „Климент Охридски“. Специјалното основно училиште „Марко
           Цепенков" остана како Работна едниница со раководител, но без своја
           жиро сметка. Подоцна од 1 септември 1993 година, Работната единица
           на специјалните паралелки, поради намалениот број на ученици, се тран-
           сформира во посебни паралелки при ОУ „Климент Охридски“, кои што
           постојат и денес.
                  Значи, од учебната 1978/79 година на територијата на општина
           Прилеп фигурира една Работна организација за основно образование „11
           Октомври" во чии состав влегоа сите основни училишта од општинава
           како 003Т. Ваквата организавија на основните училишта фигурираше се
           до учебната 1992/93 година. Оттогаш па наваму секое основно училиште
           фигурира како посебен првен субјект.
                  И покрај тоа што оваа книга гласи само на ОУ „Климент Охридски"
           се до здружувањето, во неа ќе биде спомнувано и ОУ „11 Октомври“.
                  Материјал за пишувањето, на оваа книга, претежно користев од Ле-
           тописните книги на двете основни училишта. Покрај Летописните книги,
           ги користев и наставните планови и програми за основно училиште, по
           кои се работело низ изминатиот период. Исто така го користев  и мето-
           дот разговор со одредени насатавници, кои подолго време работеле во
           училиштето. На сите на овој начин им искажувам голема благодарност
           за соработката.
                  Во книгава, опишувајќи го животот и работата на училиштето, се
           трудев да го прикажам онака како што бил. Се потрудив да го пренесам
           и времето низ кое поминало училиштето, а за таа цел најмногу ми помог-
           наа наставните планови и програми, со ки што располагам самиот, како
   4   5   6   7   8   9   10   11   12   13   14