Page 14 - su_klimentohridski
P. 14

Основно Училиште Ј<лимент Охридски' - Прилеп

           работата во училиштето, во изработка на годишниот план, покрај наста-
           вата, треба да најдат место и дополнителните и слободните ученички
           активности. Секако дека времето, за слободните и дополнителните уче-
           нички активности, ќе зависи од конкретните услови и можности кои по-
           стојат во секое одделно училиште“.
                  Подрачјето ЛЕКТИРА по македонски јазик во програмата е опфат-
           ено од трето до осмо одделение. Во планот е предложен и список на
           книги што наставникот може сам да избира кои книги ќе ги обработува
           на часовите по лектира. Не е предвидено колку книги и колку часови да
           и бидат посветени на лектирата. Оставено е на наставникот сам да оп-
           редели спрема можностите и книгите со кои што располага училишната
           библиотека.
                  По заминувањето на директорот, Трајко Попоски, за директор на
           ОУ „11 Октомври“ од 1 септември 1965 година доаѓа Душан Трајкоски,
           наставник по македонски и српскохрватски јазик, а пак, во ОУ„ Климент
           Охридски“ по заминувњето во пензија на Крајче Попоски, од 21 јануари
           1967 година за директор на училиштето доаѓа Кирил Стефаноски, нас-
           тавник по историја и географија.
                  Просветно - културниот собор на Собранието на СР Македонија, на
           седницата одржана на 15 април 1966 година, го објавил новиот Наставен
           план и програма за основните училишта во СР Македонија, разработен
           согласно член 39 од Законот за основно училиште (Сл. весник на СРМ
           бр. 31/65/, кој ќе се применува од учебната 1966/67 година.
                  Републичкиот завод за унапредувње на школството на СРМ, врз
          основа на Основите на наставниот план и програма, донесени од Прос-
          ветно - културниот собор на Собранието на СРМ, го определува општи-
          от годишен план за работа на училиштата, изработен врз законскит
          минимум од 210 работни дена во една учебна година.
                 Според овој Наставен план и програма „Целите и задачите на вос-
          питанието и образованието, задачите на основното училиште, како и
          неговите основни карактеристики и улога, на сегашнава етапа од наши-
          от развиток се оопределува следнава структура на воспитно - образов-
          ната работа во основното училиште: настава, физичко и здравствено
          воспитувње, производствена и општествено - корисна работа.слободни
         ученички активности и јавна и културно - просветна дејност на училиш-
         тето“.
                 Во однос на претходниот, во овој Наставен план и програма бројот
         на предметите и неделниот фонд на часови по предмети изгледа вака:

                                                                                    ОДДЕЛЕНИЈА
                             НАСТАВНИ ПРЕДМЕТИ
                                                                          1    2    3    4    5    6    7    8
             1.  Мајчин јазик                                             7    7    7    6    5    5    4    4
            2. Запознавање на природата и општеството                     3    3    4
            3. Запознавање на природата                                                  3    2    3
            4. Физика                                                                                   3    3
            5. Хемија                                                                                   2    2
            6. Биологија                                                                                2    2
            7. Математика                                                 6    6    6    6    5    4    4    4
            8. Основи на општо - техничко образование                                    1    2    2    2    2

         ЕЕГ
   9   10   11   12   13   14   15   16   17   18   19