Page 18 - su_klimentohridski
P. 18

Основно Училиште _Климент Охридски - Прилег,


                Од учебната 1970/71 година се премина на петтодневна работна не-
         дела. Дотогаш наставата се изведуваше шест дена во неделата.

                 Во 1972 година Републичкиот завод за унапредување на наставата
         на СРМ донесе нов Наставен план и програма што беше усогласен со
         петтодневата работна недела и усвоен од Републичкиот педагошки
         совет на седницата одржана на 26. 06. 1972 година. Овој Наставен план
         и програма е прилагоден кон новонастанатите услови. Неговата примена
         започна од учебната 1972/73 година.
                Според него програмската структура на основното училиште ги
         опфаќа следните подрачја: настава, сободни ученички активности, уче-
         нички организации, општествен - корисна работа на учениците, грижа на
         училиштето за здравјето на учениците, јавна и културно - просветна деј-
         ност на училиштето и следење на унапредување на воспитно - образов-
         ниот процес.
                Наставата се организира и изведува како настава по предмети и
         курсеви. Часот на одделенскиот раководител, поради неговата воспитна
         задача, исто така се вклучува во воспитно - наставното подрачје.
                Наставниот план и програма е изработена за 35 петтодневни работ-
         ни седмици, бз празници, односно за минимум 175 работни денови во те-
         кот на учебната година.
                Наставниците што работат во основното училиште се оптоварени
         со сите активности предвидени со програмската структура на основного
         училиште. Вкупниот неделен фонд на часови по наставник, во погорните
         одделенија, од петто до осмо, се утврдува со норма од 18 до 22 часа
         седмично.
                Покрај горе наведените промени, направени се промени и во тоа кој
         се може да предава во основното училиште. Така сите оние што имаа
        заршено учителска школа или некое стручно училиште повеќе не можат
        да изведуваат настава. Сите тие беа задолжени во рок од четири години
        да завршат педагошка академија, и тоа задолжително беше за оние кои
        имаат помалку од 20 години стаж, а тие што имааа повеќе од 20 години
        беа ослободени, но тоа не значеше ако сакаат можеа и тие да си го доо-
        формат образованието.
               Оваа законска обврска, од учителите и стручните учители, од две-
        те училишта доследно беше почитувана.
               Исто така од оваа учебна година, според Законот за основно обра-
        зование се воведува и педагошко - психолошка служба. Прв педагог,
        што беше примен за трите основни училишта, беше Илија Цветаноски,
        кој стапи на работа од 10. 12. 1972 година. На тоа работно место тој ќе
        остане се до 1.09.1977 година, кога замина на работа во Сампуправната
        интересна заедница за вработување во Прилеп. На негово место, педа-
       гот, доаѓа педагогот, Живко Василески, кој работеше како наставник во
       одделенска настава во ОУ „Климент Охридски“.
               Еве како изгледа новиот Наставен план и програма по предмети и
       курсеви и по број на часови седмично по предмети:







       ш
   13   14   15   16   17   18   19   20   21   22   23