Page 95 - su_klimentohridski
P. 95

45 години постоење и развој. (1962/63 - 2007/2008)


           инфективни болести. Од 1987 година па се до денес работи во Инфек-
          тивното одделение при ЈЗУ Општа болница во Прилеп.
                 Откако е на работа во ова одделение, во два мандата била начал-
           ник на истото, а сега ја врши функцијата ШЕФ на истото.
                 Работата како лекар - специјалист по инфективни болести, ја сфа-
          тила сериозно и без малку помисла за одмор, сесрдно им помага на па-
           циентите од инфективната патологија.

                 Како професор по инфектологија, десет години предавала во Сред-
          ното медицинско училите во Прилеп.
                 Учествувала на многу трибини за едукација против сидата во гра-
          дот и надвор од него.
                 Покрај редовната работа на Инфективното одделение, Олга, се за-
          нимава и со научна работа. Досега има објавено многу стручни трудови
          во домашни и странски списанија. Исто така има учествувано на многу
          семинари и конгреси на кои поднесувала свои трудови од областа на ин-
          фективната патологија.
                 Од нив ќе наброиме неколку:

                 -  НВѕАг - носителство во општина Прилеп /конгрес во Охрид/;
                 -  зачестеноста на акутните цревни инфекции во Инфективното од-
                   деление - Прилеп /1992-1998/;
                 -  клинички и епидемиолошки карактеристики на Хепатитис А во оп-
                   штина Прилеп /Охрид, 1998/;
                 -  компликации од бруцелоза /Брисел/;
                 -  варичела - компликации во општина Прилеп /2004-2007/;
                 -  серозни менингити во општина Прилеп 1997 /Алкалоид-Скопје/ и
                   АР-


                 Во текот на својата долгогодишна работа на полето на здравство-
          то, Олга, е добитник на повеќе благодарници, плакети, дипломи од Ма-
          кедонското лекарско друштво, Лекарската комора, Синдикалната орга-
          низација на општина Прилеп и други.


                                                   Миле Ацески
                                                   Поранешен началник на СВР Прилеп

                                                          Роден е 1954 година во Прилеп. Завр-
                                                   шил Средно тутунско училиште во Прилеп,
                                                   а потоа Економски факултет во Прилеп.
                                                   Првото вработување му било во СВР При-
                                                   леп како инспектор по стопанство. Од 1990
                                                   до 2001 година работи како комерцијален
                                                   директор во печатницата „11 Октомври“ во
                                                   Прилеп, а потоа од 2003 до 2006 година е
                                                   началник на СВР Прилеп. Сега има своја
                                                   сопствена трговска фирма.
   90   91   92   93   94   95   96   97   98   99   100