Page 93 - su_klimentohridski
P. 93
45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)
Соња Велкоска - Спасеноска
Судија во Апелациониот суд во Битола.
Родена е 1948 година во Скопје. Завр-
шила Гимназија во Прилеп, а потоа Правен
факултет во Скопје во 1974 година. Во
1975 година се омажила во Битола, а исто-
времено се вработила како судија во Осно-
вниот суд во Битола. Од 1996 година е су-
дија во Апелационен суд во Битола.
Јордан Ристески
Сопственик на приватна фабрика „НОРТОН" - Прилеп
Роден е 1948 година во Прилеп. Завр-
шил Гимназија во Прилеп, а потоа Виша
техничка школа во Битола. По завршува-
њето на Вишата техничка школа, се врабо-
тил во Мермерниот комбинат во Прилеп.
Тука работи до 1989 година, а потоа ја на-
пушта таа работа и во 1990 година започну-
ва да се занимава со приватен бизнис. Не-
говата најомилена работа е машинската
струка.
За неговата најомилена работа, ма-
шинската струка, Јордан ја раскажува сле-
днава приказна:
„Потекнувам од занаетчиско семејс-
тво. Мојот татко беше столар. Изработува-
ше исклучиво мебел и тоа најчесто од оре-
ово дрво. Уште од мал имав можност да се запознаам со тајните на сто-
ларскиот занает.
Како ученик во основното училиште јас самиот изработував мали
макети на столици, маси, каучи, шифоњери и други предмети од дрво.
Секогаш тие мои предмети наставникот по ОТО ги земаше и ги изложу-
ваше на разни изложби.
Како ученик во гимназија, втора или трета година, гледајќи како се
мачи татко ми завртувајќи ги ногалките на некои од изработениот мебел
рачно, дојдов на идеја да му направам една мала машина од железо со
која полесно го правеше завртувањето на ногалките.
И покрај работата со татко ми, мене повеќе ме привлекуваше обра-
ботката на железото, отколку дрвото. Тоа беше заради тоа што сите
алати со кои работеше татко ми беа од железо, па тие ми претставуваа

