Page 91 - su_klimentohridski
P. 91

45 години постоење и разво/. (1962/63 - 2007/2008)

         М-р Веле Самак
         Министер без ресор во Владата на Република Македонија

                                                          Роден е 1974 година во Прилеп. Гим-
                                                   назија завршил во Прилеп, а матурирал во
                                                   САД. Магистрирал на студии по економија
                                                   на Универзитетот во Чикаго (САД) во 1996
                                                   година. Магистрирал во 2005 година од об-
                                                   ласта на бизнис администрацијата (МБА)
                                                   на Варток школата при Универзитетот
                                                   Пенсилванија.
                                                          Во 2004 година, заедно со група сту-
                                                   денти од школата Варток, превзема про-
                                                   ект од наставата и ја формира фирмата
                                                   ТераПас, која користи пазарни механизми
                                                   за неутрализирање на С02 гасовите од ав-
                                                   томобилите и како портпарол ја претставу-
                                                   ва уникатната приказна пред сите медии
                                                   во Америка. Денес Тера Пас е најуспешна
         фирма во својот сектор.
                Претходно работел во Ситигруп, најголемата финансиска фирма во
         светот, како потпретседател во отсекот за квантитативни истражувања.
         Оваа високо рангирана групација е со приход од 120 милиони американ-
         ски долари. Неговиот труд за алокација на пензиски фондови е наширо-
         ко цитиран и објавен во престижниот Журнал за финансиски аналитича-
         ри. Веле е единствен аналитичар кој бил унапреден во потпретседател
         по 1,5 година работа. Оценет е со највисока оценка во сите годишни пре-
         гледи.
                Од септември 2006 година е министер без ресор во Владата на Р
         Македонија. Во Владиниот кабинет доаѓа од Корпорацијата Мајкрософт
         како маркетинг менаџер одговорен за Американскиот пазар за произво-
         ди за деловна интелигенција. Во својата позиција реализира кампањи
         што помагаат да донесат приходи од над една милијарда американски
         долари.
                М-р Веле Самак е поранешен секретар на Здружението за маке-
         донско-американско пријателство - МАФА. Зборува англиски, а разбира
         српски, хрватски и германски јазик.

         М-р Марјан Петрески

         Помлад соработник во секторот за макроекономска политика во Минис-
         терството за финансии при Владата на Р Македонија


                Роден е 1982 година во Прилеп. Завршил Гимназија во Прилеп, а
         потоа дипломирал на Економскиот факултет во Прилеп во 2005 година
         на насоката Сметководство, финансии и ревизија. Факултетот го завршил
         со највисока просечна оценка. Повеќекратно е наградуван за најдобар
         студент на генерацијата. Во 2005 година е награден од Ректорот на Уни-
         верзитетот „Свети Климент Охридски" во Битола за најдобар студент на
         генерацијата 2001/05 година на Економскиот факултет во Прилеп.
   86   87   88   89   90   91   92   93   94   95   96