Page 92 - su_klimentohridski
P. 92

Основно Училиште Ј<лимент Охридски“ - Прилеп

                                                           По завршувањето на факултетот се
                                                   запишал на постдипломски студии на Уни-
                                                   верзитетот Шефилд на Департмантод за
                                                   банкарство и финансии, стекнувајќи се со
                                                   почесна титула. Престојувал на Универзи-
                                                   тетот во Франквурт (Германија) на специја-
                                                   листички курс за Европско централно бан-
                                                   карство, каде што посетувал семинари во
                                                   Европската централна банка. Како корис-
                                                   ник на стипендија од Европската комисија,
                                                   во рамките на постдипломските студии за
                                                   Европска интеграција, престојувал во Ин-
                                                   тернационалниот центар ЦИФЕ во Берлин.
                                                   Активен учесник е и во монетарно-фискал-
         |
                                                   ните семинари во финансискиот центар во
                                                   Љубљана (Словенија) и во Регионалниот
         центар во Виена (Австрија).
                Магистрирал на тема „Макроекономските импликации на режимот
         на девизниот курс - случајот на Република Македонија", на Универзите-
         тот Шефилд во 2006 година.
                Досега објавил над десет трудови во домашни и меѓународни еко-
         номски магазини. Во подготовка за печат му е книгата „Макроекономски-
         те импликации на режимот на девизниот курс - случајот на Р Македони-
        ја“.
                Од декември 2006 година е вработен во Министерството за финан-
        сии во Владата на Р Македонија како помлад соработник во Секторот за
        макроекономска политика. Истовремено е и професор на Еуро Колеџот
        во Куманово по предметите: Меѓународни корпорациски финансии и
        Монетарна политика и банкарство.


        Лазар Бардакоски
        Раководител на Одделението за заштита и
        спасување во Прилеп

                Роден е 1948 година во Охрид. Завр-
        шил Гимназија во Прилеп, а потоа Фило-
        зофски факултет во Скопје на групата Пе-
        дагогија и филозофија.
               Првото вработување му било во соб-
        ранието на општина Прилеп. Од 1983 годи-
        на преминува на работа во Секретаријатот
        за народна одбрана во Прилеп како рефе-
        рент за подготовка на општествените деј-
        ности. Сега е раководител на Одделението
        за заштита и спасување за регионот на
        Прилеп.
   87   88   89   90   91   92   93   94   95   96   97