Page 21 - su_klimentohridski
P. 21

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

                  Се воведува уште еден курс во осмо одделение, општонародна од-
           брана и општествена самозаштита со 40 часа на годишно ниво. Часовите
           по прва помош и заштита во седмо одделение се укинуваат, а во осмо
           одделение од 22 се зголемуваат на 40 на годишно ниво.
                  Што се однесува до изучувањето на странски јазик, во двете основ-
           ни  училишта до здружувањето, се изучуваат англиски и француски, плус
           во ОУ „11 Октомври" се учеше и руски јазик. Тој престана да се изучува
           од учебната 1977/78 година, бидејќи наставничката Милица Јасинска
           Марковиќ замина во пензија. И дотогаш со неговото изучување                                   имаше
           проблеми поради слабиот интерес од страна на учениците.

                 Од учебната 1981/82 година, или поточно од јануари 1982 година во
          наставно — воспитниот процес се влучува и психолог и на тој начин се
          комплетира педагошко — психолошката служба. На местотр психолог
          доаѓа Миле Попоски со завршен филозовски факултет група психоло-
          гија.
                 Од 1 мај 1982 година директорот на училиштето, Кирил Стефанос-
          ки, заминува на нова должност, Извршен секретар во Општинскиот ко-
          митет на СКМ во Прилеп. За ВД директор на училиштето беше избран
          помошник директорот, Живко Василески. Од ноември истата година тој
          беше избран и за директор на училиштето. Функцијата помошник дирек-
          тор беше укината, а воведна функција сменоводител, по еден во смена,
          во траење од една година.


                                                          Живко Василески е роден 1936 годи-
                                                   на во Прилеп. Завршил учителска школа, а
                                                   потоа вонредно Педагошка академија -
                                                   одделенска настава и потоа Филозовски
                                                   Факултет на групата педагоија. Во училиш-
                                                   тето работи од 1 септември 1966 година.
                                                   прво како наставник по одделенска нас-
                                                   тава, потоа како педагог, помошник дирек-
                                                   тор и директор на училиштето. Функцијата
                                                   помошник директор, ВД директор и дирек-
                                                   тор на училиштето ги извршуваше од 1 сеп-
                                                   тември 1978 до 7 декември 1986 година. Се
                                                   до пензионирањето на 15 февруари 1996
                                                   година работеше како наставник во оддел-
                                                   енска настава. Беше активен учесник  и во
                                                   работата на самоуправните органи на учи-
          лиштето. Активно учествувал и во работата на друштвото на педгози на
          општината.
   16   17   18   19   20   21   22   23   24   25   26