Page 20 - su_klimentohridski
P. 20
Основно Училиште .Климент Охридски' - Припеп
Бидејќи во зградата на ОУ „Климент Охридски“ работеа три основ-
ни училишта: „Климент Охридски“, „11 Октомври" и Специјалното основ-
но училиште „Марко Цепенков", се здружија во една новоформирана
ООЗТ - ОУ „Климент Охридски“. Во новоформираното основно училиште
останаа и понатаму четиригодишни.те основни училишта во населбата
„Варош“ и село Мажучиште.
Новоформираното ОУ „Климент Охридски" во тој момент беше на-
јголема ООЗТ по број на ученици и наставници во новата Работна ор-
ганизација за основно образование „11 Октомври“.
За директор во ОУ „Климент Охридски" беше избран дотогашниот
директор на ОУ „Климент Охридски", Кирил Стефаноски. Исто така то-
гаш беше формирана и институција помошник директор. На таа долж-
ност беше избран дотогашниот педагот, Живко Василески, а на негово
место за педагог дојде Виолета Ѓорческа, дипломиран педагог.
За генерален директор на Работната организација за основно обра-
зование „11 Октомври“ беше избран дотогашниот директор на ОУ „11
Октомври" професор Душан Трајкоски.
Наставничкиот колектив при ООЗТ - ОУ „Климент Охридски"по здружувањето со дирек-
торот Кирил Стефаноски
Во почетокот на учебната 1978/79 година во ООЗТ - ОУ „Климент
Охридски“ работат вкупно 88 наставника, 18 лица административно -
тхенички персонал, со вкупно 72 паралелки од прво до осмо одделение
заедно со забавишните групи.
Во 1981 година беше донесен нов Наставен план и програма. Со
овој план се извршија некои корекции на часовите по некои предмети.
Така по еден час, странски јазик во осмо од три на два, ликовно воспи-
тување во трето од два на еден, музичко воспитување во трето се зголе-
муваат од еден на два, а во четврто се намалуваат од два на еден. Во
петто одделение предметот запознавање на природата се заменува со
биологија со еден час седмично. Часовите по запознавање на општес-
твото во четврто одделение се намалуваат од три на два, а во петто од-
деление се воведува историја со еден час седмично.

