Page 23 - su_klimentohridski
P. 23

45 години постоењв и

          тата на самоуправните органи на училиштето. Активен учесник е и во ра-
          ботата на семинарите по македонски јазик во организација на Заводот

          за школство на         Прилеп. Добри резултати има постигнато и во работата
          со ученицие во слободните ученички активности.
                 Во 1976 година од страна на Заедницата за образование од Прилеп
          е наградена со рачен часовник и патување во Грција.
                 Директор на училиштето е од 8 декември 1986 година па се до 27
          октомври 1998 година, кога замина во пензија.
                 По заминувањето во пензија, Мирјана, покрај извршувањето на ре-
          довните домашни работи, се оддава и на својата стара љубов уште од
          основното училиште, пишувањето поезија. Сега најдува повеќе слободно
          време, ги средува порано напишаните песни, но и сегашните, пишувани
          по пензионирањето и во мај оваа година 2007 ја издаде својата прва сти-
          хозбирка со наслов „РЕФЛЕКСИИ“. Продолжува и понатаму да твори, и
          според нејзините зборови, подготвува песни и за уште две стихозбирки,
          од кои едната ќе биде наменета на најмалите, децата.



















                                                                                                                1












                  Наставничкиот колектив при 003Т - ОУ „Климент Охридски“ со директорот
                                                   Мирјана Славеска

                 Со осамостојувањето на Македонија во суверена и независна држа-
          ва Република Македонија во 1991 година, настануваат промени и во об-
          разованието. Со демократизацијата на општеството, се демократизира и
          образованието. Со донесувањето на Уставот на Република Македонија,
          функцијата содржината и организацијата на основното образование се
          темелат врз определбите содржани во Уставот на Република Македо-
          нија.
                 Со новиот Закон за основно образование дефинирани се клучните
          сегменти во системот на основното образование. Во програмските ос-
          нови се редефинираат целта, задачите, теоретските основи и принципи-
          те на основното образование во сообразност со промените на економс-
          киот и политичкиот систем, нашето искуство, традициите и современите
          тенденции на образованието во другите демократски земји. За основно-
   18   19   20   21   22   23   24   25   26   27   28