Page 25 - su_klimentohridski
P. 25
45 години постоење и развој^(1962/63Ј- 200712008) ------------ --------------
Училишен хор од два до четири часа во зависност од развиеноста
на хорот.
Училишен оркестар од два до четири часа во зависност од развие-
носта на оркестарот.
Во овој Наставен план и програма е извршена и промена на списо-
кот на книгите за задолжителна лектира по македонски јазик. За раз-
лика од старата лектира, сега е предвидена нова лектира, нови книги,
кои одговараат на настанатите општествени промени.
По одделенија предвидено е да се обработат по: од прво до четвр-
то одделение по пет книги во теккот на годината, во петто оделение 6,
во шесто 7, а во седмо и осмо по 8 книги.
Со овој Наставен план и програма учебната година се утврдува на
минимум 180 работни дена.
По заминувањето во пензија на директорката Мирјана Славеска, за
директор на училиштето беше избран психологот Миле Попоски. Тој бе-
ше директор на училиштето во времето од 27 октомври 1998 до 7 сеп-
тември 1999 година. На негово место потоа доаѓа Бранко Диманоски, на-
ставник по математика во училиштето.
Бранко Диманоски е роден 1941 го-
дина во с. Бучин, општина Крушево. Завр-
шил Педагошка академија во Штип на гру-
пата математика и физика. Во училиштето
доаѓа од 1 септември 1996 година на работ-
ното место наставник по математика. Акти-
вен учесник е и во работата на слободните
ученички активности по математика и има
постигнато добри резултати.
За директор на училиштето беше из-
бран на 7 септрември 1999 година и на таа
должност остана до 8 септември 2002 год.
До пензионирањето, на 1 септември 2005
година, работеше во училиштето на работ-
ното мето наставник по математика.
Со решение бр. 10-2021/4 од 21 август
2003 година се извршени измени на претходниот Наставен план и про-
грама. Измените се состојат во следното:
Предметот историја и граѓанско оптество, што се изучуваше во сед-
мо и осмо одделение, со овие измени се заменува со нов предмет, гра-
ѓанска култура во истите одделенија со по еден час седмично. Истори-
јата останува и понатаму како посебен предмет со по два часа сед-
мично.
Оптовареноста на наставниците со часови седмично изгледа вака:
од прво до четврто одделение со вкупниот број на часови по предмети
за определеното одделение, со исклучок на часовите по странски јазик.
Во вишите одделенија секој наставник е оптоварен со по 20 часа сед-
мично плус часовите од слободните ученички активности.
В° учебната 2006/7 година во петто одделение се воведува нов
предмет Основи на природните науки со по два часа седмично.

