Page 27 - su_klimentohridski
P. 27

45 години постоење и развој. (1962163 - 2007/2008)

                 -  планирање, програмирање, организирање и следење на воспитно
                   — образовната работа во училиштето;
                 -  советодавно — консултативна работа со наставниците, родителите
                   и учениците;
                 -  аналитичко — истражувачка работа;
                 -  стручно усовршување на воспитно — образовниот кадар,
                 -  водење и следење на педагошката евиденција и документација.

                 Од наведените приоритетни подрачја за работа на педагошко -                                 пси-
          холошката служба произлегуваат конкретни задачи и цели меѓу кои се:

                 -  заедно со директорот на училиштето ја изготвуваат годишната
                   програма за работа на училиштето и годишниот извештај;
                 -  ја утврдува подготвеноста и зрелоста на децата за поаѓање во
                   училиште;
                 -  открива и работи со ученици кои имаат потешкотии во напредува-
                   њето;
                 -  го утврдува влијанието на одделни фактори врз успехот на учени-
                   ците и во таа насока им помага во учењето;
                 -  работи со ученици кои манифестираат неприлагодено однесување;
                 -  спроведува истражувачки проекти и акциони училишни истражу-
                   вања, како и анализирање и проучување на значајни проблеми и
                   прашања во училиштето;
                 -  открива и работи со ученици кои имаат поголеми можности во на-
                   предувањето;
                 -  им помага на учениците во нивната професионална ориентација,

                 -  учествува во работата настручните органи и тела: Наставничкиот
                   совет, Одделенските совети, Советот на родители и Училишниот
                   одбор.

                 Работните задачи педагошко - психолошката служба ги реализира
         во непосредна соработка со директорот на училиштето, наставниците и
         стручните соработници од Бирото за развој на образованието. За таа
         цел изработува и свои годишни програми за работа.
                 Со педагошко - психолошката служба во училиштето раководат
         педагогот Весна Цакоска Насеска и психологот Миле Попоски.


                                                          Весна Цакоска Насеска е родена 1969
                                                   година во Прилеп. Завршила гимназија, а
                                                   потоа филозовски факултет во Скопје на
                                                   групата педагогија. Во училиштето работи
                                                   од 1 септември 2005 година. Карактерис-
                                                   тично за Весна е тоа што таа работи во учи-
                                                   лиштето во кое што завршила и основно
                                                   образование.
                                                          Покрај работата како педагог, да им
                                                   помага на учениците кои послабо напреду-
                                                   ваат, или пак, да се разрешат некои проб-
                                                   леми доколку се појават меѓу учениците.
                                                   таа уште ги реализирала и следните проек-
                                                   ти во текот на учебната 2005/06 и 2006/07
                                                   година: „Игри за разрешување конфликти*,
   22   23   24   25   26   27   28   29   30   31   32