Page 28 - su_klimentohridski
P. 28
Основно Училиште Ллимент Охридски' - Прилеп
реализирани со учениците од четврто одделение. Основна цел на овие
игри е да се развива толеранцијата и разбирањето и да се оспособат по
мирен пат, преку компромис и разбирање, да изнаоѓаат решение кога се
во конфликт.
Исто така активно е вклучена во издавњето на училишниот весник
„Климентов зрак“ чии што е главен и одговорен уредник. Овој весник до-
сега е излезен четири пати, или двапати годишно, за Патронатот на
училиштето и за 24 Мај - Денот на просветата. Во него, со одговорниот
редакциски тим составен од ученици и наставници, го отсликуваат
училишниот живот со севкупните случувања и успеси во училиштето.
Миле Попоски е роден 1946 година во
с. Кривогаштани. Завршил учителска шко-
ла, Педагошка академија одделенска нас-
тава и потоа Филозовски факултет во Ско-
пје, на групата психологија. Во училиштето
работи од 1 јануари 1982 година на работ-
ното место психолог.
Активен учесник е во работата на са-
моуправните органи на училиштето. Во Дру-
штвото на психолози на Прилеп е активен
член, а во еден мандат бил и претседател
на истото.
Беше директор на училиштето во вре-
мето од 27 октомври 1998 до 7 септември
1999 година.
„Навистина е среќен оној кој знае да чита, пред него е отворен целиот свег
_______________________________________________________ Бранко Ќопиќ
Училишната библиотека, исто така, е една од алките за успешно
извршување на наставно - воспитната работа во училиштето. Таа по-
стои уште од самиот почеток на училиштето, од учебната 1962/63 годи-
на. Во почетокот располагаше со мал број на книги за лектира, но со тек
на времето бројот на книгите постојано се зголемуваше.
Порано училишната библиотека со книги се снабдуваше на тој на-
чин што книгите се добиваа од републиката. Имено, при секоја промена
на лектирата, по нивното отпечатување, книгите се доставуваа до сите
училишни библиотеки во републиката.
Отпочетокот со библиотеката раководеа наставниците што пре-
дава македонски јазика и тоа како слободна активност, два часа во те-
кот на неделата. Таа беше сместена, во почетокот, во една мала прос-
торија од каде што се издаваа книгите на учениците за лектира. Но како
што одминуваше времето, се повеќе се јавуваше потреба од проширу-
вање на истата. Од 1980/81 година во поразвиените основни училишга
се отвори и посебно работно место библиотекар, кој работи во библиоте-
ката. И во нашето училиште се отвори такво работно место. Простори-
јата за библиотека беше проширена и приспособена, колку - толку, да
одговара за таа намена. За библиотекар можеше да биде скоро секое
лице што завршило за наставник, иако сепак предност им се даваше на
ш

