Page 32 - su_klimentohridski
P. 32
Основно Училиште Ј<лимент Охридски ‘ - Прилеп
СЛОБОДНИ УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ
Слободните ученички активности во основното училиште претста-
вуваат систем на активности што училиштето ги организира со цел да ги
задоволи посебните интереси и склоности на учениците и желбата им е
своето слободно време да го искористат најрационално.
За таа цел во училиштето, според Наставниот план и програма,
постојат следните ученички активности: културно - уметнички и забавни
активности и активности за здобивање со нови знаења. Овие актив-
ности се организираат согласно со развиеноста, условите и можностите
на училиштето.
Во текот на учебната година ученикот може да биде вклучен нај-
многу во две форми на слободни ученички активности плус хорот.
Временската оптовареност на учениците за работата во слободни-
те активности е следната: за учениците од прво до четврто одделение 1
час седмично, а за учениците од петто до осмо одделение 2 часа. За
учениците од прво до четврто одделение, по правило, слободните ак-
тивности се организираат во рамките на одделение, но после редовните
часови во точно определен ден. Доколку некои од овие ученици покажат
поголем интерес може да бидат вклучени и низ формите на слободни
активности во вишите одделенија. За учениците од петто до осмо од-
деление слободните активности се изведуваат после редовните часови,
исто така, во точно определени денови. некогаш може да се користат и
некои од слободните саботи.
Во ОУ „Климент Охридски" како поголемо основно училиште спре-
ма бројот на паралелките и учениците, уште од самиот почеток на учи-
лиштето постоеле сите форми на слободни ученички активности.
ш

