Page 58 - su_klimentohridski
P. 58

Основно Училиште ЈКлимент Охридски -Прилеп


        на голотините, во садење на борчиња, околу вештачкото езеро во При-
        леп, како и кај депонијата, на ритчето, што се наоѓа кај с. Алинци. Во ед-
        на пролет ученицие од осмите одделенија им помагаа на студентите од
        Земјоделскиот факултет од Скопје во калемење на дивите круши во Ма-
        риово.
                Што се однесува до чувње и одржување на културно-историските
        споменици, нашето училиште имаше задача да се грижи за споменикот
        на Марко Цепенков што се наоѓа пред Домот на културата, а е во наша
        непосредна близина.
               На крајот да споменеме дека за одржувњето на училишните прос-
        тории и училишниот двор, покрај хигиеничарите, се грижеа пионерските
        одделенски заедници, сега детската организација. Естетското уредува-
        ње на училиштето им е доверено на учениците од ликовната секциЈа, за-
        едно со нивните наставници.

               Организирани се и собирни акции како на пример собирање на по-
        мош за настраданите од земјотресот во Дебар, помош за децата на Виет-
        нам, собирање на стара хартија и сл.
               За равивање на љубов за чувње и одржување на естетски облику-
        ваните површини, во текот на второто полугодие на ужебната 2006/07
        година, една поголема група на ученици заедно со географско - плани-
        нарската секција изведоа акција за чистење на површините на Паркот
        на Револуцијата.
   53   54   55   56   57   58   59   60   61   62   63