Page 54 - su_klimentohridski
P. 54

Основно Училиште Ј<лимент Охридски" - Прилеп

              УПРАВУВАЊЕ И РАКОВОДЕЊЕ СО УЧИЛИШТЕТО


               Покрај директорот, како педагошки раководител на училиштето, со
        него во почетокот, кога е формирано училиштето, највисок орган на уп-
        равување бил Училишниот одбор. Него го сочинувале петмина од редот
        на вработените наставници и шесмина надворешни членови. Претседа-
        тел на Училишниот одбор бил од надворешните членови.
               Овој орган на управување со училиштето ќе раководи се до 30 сеп-
        тември 1965 година. Оттогаш па наваму како највисок орган на управу-
        вање ќе биде Работничкиот совет на училиштето. Него го сочинувале
        2/3 од вработените во училиштето, а една третина се членови делегира-
        ни од општествено политичките организации и културните работници на
        општината. Членовите на Работничкиот совет на училиштето од редот
        на вработените во училиштето се избираат за време од четири години по
        пат на избори. за претседател на Работничкиот совет секогаш се изби-
        раше од членовите, вработени во училиштето.
               Работничкиот совет на училиштето ги имаше следните задачи:

               -  да ги донесува самоуправните акти на училиштето;
               -  објавува јавен конкурс за избор на директор на училиштето, врши
                 избор од кандидатите што конкурирале за директор;
               - ја разгледува и усвојува завршната смсетка на училиштето;
               -  ги разгледува полугодишниот и годишниот извештај за работата
                 на училиштето и ги усвојува;
               -  донесува одлуки за купување на училишен инвентар, нагледни сре-
                 дства и други помагала потребни за изведување на наставата и др.

               Ваквиот начин на управување со училиштето постоеше се до оса-
        мостојувањето на република Македонија како самостојна и независна
       држава. Оттогаш па наваму највисок орган на управување со училиште-
       то е Училишниот одбор и Советот на родители на училиштето.
               Училишниот одбор на училиштето е составен од девет члена и тоа:
               -  три члена од вработените наставници, стручните соработници и
                 воспитувачите;
               -  три члена од родителите, односно старателите на учениците што
                 учат во училиштето;
              - два члена од Советот на општина Прилеп, и
              -  еден член од Министерството за образование,

              Училишниот одбор ги има овие задачи и во врска со управувањето
       на училиштето:

              -  донесува Статут на училиштето;
              -  предлага годишна програма за работа и извештај за работаата на
                училиштето до Советот на општината;
              -  предлага финансиски план и завршна сметка до оснивачот;
              -  објавува јавен оглас за избор на директор на училиштето, врши
                интервју со кандидатите и до градоначалникот на општината пре-
                длага еден кандидат од пријавените кандидати;
              -  дава мислење до директорот за избор на наставници, стручни
                соработници, воспитувачи,
             -  одлучува по желби на ученици, родители, разгледува и други пра-
                шања утврдени со Статутот на училиштето.

      БЕГ
   49   50   51   52   53   54   55   56   57   58   59