Page 62 - su_klimentohridski
P. 62

Основно Училиште Ј<лимент Охридски" - Прилеп

               Издал и „Прирачник за обработка на книжевно -теоретските поими
        во основното училиште"
               Покрај просветната дејност, Ристо, се занимавал и со проучување
        на минатото на Мариово. Во врска со тоа ги издал следните трудови;

               -  Историско - етногравски податоци за Мариово;
               -  За нашето народно творештво и
               -  Народниот фолклор - израз на минатото на Мариовско - Меглен-
                 ските културни средби уште од самиот почеток, па и сега.


       Асен С. Стаменов
       Особено истакнат педагошки работник

                                                         Роден е 1937 година во с. Буцалево,
                                                  општина Босилеград, република Србија.
                                                         Завршил Виша педагошка школа во
                                                  Скопје на групата македонски и српскохр-
                                                  ватски јазик и литература на југословенс-
                                                  ките народи. Во училиштето работи од 1
                                                  септември 1966 година, па се до пензиони-
                                                  рањето во август 2002 година, на работно-
                                                  то место наставник по македонски јазик.
                                                         Освен изведувањето на редовната на-
                                                  става, активно работи и со слободните уче-
                                                  нички активности. раководел со литератур-
                                                  ната, рецитаторската, драмската и нови-
                                                  нарската секција. Со соте успешно раково-
                                                 дел и постигнувал добри резултати. Најго-
                                                 леми успеси има постигнато со новинарс-
       ката секција. Ученичката, Софија Кепеска, три години со ред била на-
       градувана со десеттодневно летувње во летувалиштата низ Македонија
       за активно учество со дописки од животот и работата на училиштето, во
       Македонското радио Радио - Скопје.

              Во 1970 година на неговата ученичка Весна БеличаНец, и била до-
      делена сојузна награда на конкурсот распишан од страна на Воздухоп-
      ловниот сојуз на Југославија, по повод 55 години од постоењето. Заедно
      со неа биле гости во ВСЈ во траење од три дена со другите наградени од
      другите републики на СФРЈ.
              На натпреварите по македонски јазик на општинско и републичко
      ниво има постигнато добри резултати.

             Активен учесник е и во работата на самоуправните органи на учи-
      лиштето. Бил член и претседател на Работничкиот совет на училиштето.
      Учествувал и во работата на семинарите по македонски јазик во органи-
      зација на Заводот за школство од Прилеп. Држел нагледни предавања,
      поднесувал реферати и методски прикази од наставата по македонски
     јазик.
             Покрај изведувањето на редовната настава, соработувал и во пе-
     дагошките списанија, со свои стручни работи, од областа на наставата
     по македонски јазик. Соработувал во следните педагошки списанија:
   57   58   59   60   61   62   63   64   65   66   67