Page 63 - su_klimentohridski
P. 63
45 години постоењв и развој, (1962/63 - 2007/2008)
Бнлтенот „Наша практика" во издание на Заводот за школство од При-
леп, „Литературен збор“ и „Просветен работник". Во нив објавил 24
стручни написи од областа на Методика на наставата по македонски ја-
зик и тоа од сите подрачја: обработка на нов граматички материјал, об-
работка на четива и стихотворби, обработка на поими од литература и
теорија на литература, писмени и говорни вежби и од наставата по
филм.
Ги објавил и следните стручни трудови од областа на наставата по
македонски јазик:
- народните песни за Тито во наставата по македонски јазик
„Просветен работник" 6р. 483/78 год;
- уметничките четива и стихотворби - извор на теми за писмени
вежби - „Просветен работник“ бр. 404/74 год;
- филмот и неговото влијание врз младата личност - „Литературен
збор“ бр. 1/85 год;
- филмот низ наставните планови и програми на основното училиш-
те во СР македонија (истражување) - „Литературен збор“ бр. 5/86
год.
Ги објавил и следните осврти:
- низ страниците на граматиката за петто одделение - „Просветен
работник“ 6р. 494/78 год;
- осврт врз читанките за петто и шесто одделение - „Литературен
збор“ бр. 3 и 4/89 год,
- неколку забелешки на новиот Наставен план и програма по маке-
донски јазик од петто до осмо одделение - „Просветен работник“
бр. 690/88.
За успешно изведување на наставно-воспитната работа, работата
со слободние ученички активности, соработката во педагошкиот печат,
вклученоста во самоуправните органи на училиштето, учество во рабо-
тата во други организации од областа на просветата, во 1983 година од
страна на Педагошкиот совет на СР Македонија, му беше доделено на-
јвисокото звање ОСОБЕНО ИСТАКНАТ ПЕДАГОШКИ РАБОТНИК
Долги години учествувал и во работата на Друштвото на наставни-
ците и професорите по македонски јазик „Крум Тошев“ од Прилеп. Бил
член на Претседателството на Друштвото по македонски јазик од При-
леп и повеќе пати бил делегат на Годишните собранија на Сојузот на
друштвата по македонски јазик на Македонија.
За тие активности во 1977 година од Друштвото на наставниците и
професорите по македонски јазик „Крум Тошев" од Прилеп добил Приз-
нание, а од Сојузот на друштвата по македонски јазик на Македонија во
1982 година добил Благодарница.
Во 1976 година од страна на Заедницата за образование на Прилеп
бил доделен рачен часовник и наградно патување во Грција.
За успешна соработка со Издавачката куќа „Детска радост" од Ско-
пје за долгогодишно растурање на весникот „Наш свет“ меѓу учениците
од училиштето, во 1995 година е награден со петтодневен престој во Ис-

