Page 60 - su_klimentohridski
P. 60
Основно Училиште Ј<лимент ОжридскиЈ - Прилеп
играорната секција со која редовно на Пионерските смотри освојувал не-
која од првите три награди.
Активен учесник е и во работата на семинарите по македонски ја-
зик во организација на Заводот за школство од Прилеп, каде што држел
нагледни предавања, или пак, поднесувал реферати поврзани со наста-
вата по македонски јазик.
Во 1979 година неговата ученичка, Мирјана Башеска, ја добила со-
јузната награда за комплет писмени работи, работени во осмо одделе-
ние, на конкурсот на весникот Политика во додатокот за деца, „Полити-
ка за деца“. Таа награда била единствена од Македонија. Ученичката,
наставникот и училиштето биле парично наградени.
И на натпреварите по македонски јазик, што се одржуваа секоја го-
дина на општинско и републичко ниво, неговите ученици постигнувале
солидни резултати.
За сите негови постигнати резултати, како на полето на восспитно -
образовната работа, така и на полето на слободните ученички актив-
ности и активното учество во севкупниот живот на училиштето, во 1984
година од страна на Педагошкиот совет на СР Македонија му беше до-
делено звањето ИСТАКНАТ ПЕДАГОШКИ РАБОТНИК.
Во 1975 година вонредно дипломирал на Филозовскиот факултет
во Скопје на групата литература на југословенските народи.
Од 1 ноември 1983 година заминува на работа во Заводот за школ-
ство како советник по македонски јазик. На таа должност останува се
до пензионирањето во 1992 година.
Неговите стручни познавања на новото работно место, советник по
македонски јазик, доаѓаат до израз, па поради тоа е и унапредед во са-
мостоен педагошки советник по македонски јазик.
Исто така е активен учесник и во работата на Друштвото на настав-
ниците и професорите по македонски јазик „Крум Тошев“ Прилеп, Кру-
шево и Македонски Брод. долги години беше и претседател на истото.
Како советник по македонски јазик настапувал на повеќе конгреси
на Сојузот на лингвистичкото друштво на СФРЈ, како и на семинари и со-
ветувања, со трудови од областа на наставата.
Посебна активност покажал на научните собири низ Македонија,
одржувани на теми од областа на националната историја. и по пензиони-
рањето, Александар, продолжува активно да се занимава со оваа тема.
автор е на повеќе од 25 научни трудови, објавувани во разни списанија и
зборници во Македонија.
Член е на Друштвото за наука и уметност од Прилеп уште од 1988
год. Се занимавал, а и денеска се уште активно се занимава со истражу-
вање на историското минато на Прилепско, Тиквешко и Велешко од Ил-
инденскиот период и од историјата на НОВ на Македонија.
До сега ги издал следните книги:
1. Никодин низ историјата - 1996 година
2. Приелпските и велешките војводи и нивната застапеност во на-
родната поезија - 2003 година
3. Борбата на црковно-училишните оопштини и духовништвото про-
тив странските пропаганди 2004 година

