Page 65 - su_klimentohridski
P. 65
45 години постовњв и развој, (1962/63 - 2007/2008)
во Индија, членовите од неговата ссекција биле наградени со Дипломи и
Признанија.
За успешни ликовни цртежи, испратени на ликовниот конкурс, рас-
пишан од страна на Морнаричката школа од Сплит (Хрватска) пет уче-
ника се наградени и заедно со наставникот биле седум дена гости на
Морнаричката школа во Сплит.
За активностите на полето на воспитно-образовната работа, рабо-
тата и постигнувањата со ликовната секција, како и активностите во
севкупниот живот на училиштето, во 1983 година од страна на Педагош-
киот совет на СР Македонија му беше доделено највисоко звање ОСО-
БЕНО ИСТАКНАТ ПЕДАГОШКИ РАБОТНИК.
Покрај педагошката работа, Илија, континуирано се бави и со лик-
овната уметност, неговата најголема љубов, акварел техника. На оваа
тхеника организирал и свои самостојни изложби низ Македонија: При-
леп, Битола, Скопје и други места. Исто така учесник е и на сите колек-
тивни ликовни изложби, организирани од страна на Друштвото на лик-
овни уметници на Македонија.
Во 1987 година од страна на Културно-просветната заедница на
Македонија му е доделена мермерна статуетка и Признание за работата
на полето на културно-просветната дејност.
По пензионирањето, илија, сето свое слободно време и го посвету-
ва на ликовната уметност, на акварелот. Како плод на таа активност е и
организираната самостојна изложба на акварел во март 2007 година во
Кожани (Грција). Изложбата траела десет дена и привлекла големо вни-
мание кај посетителите.
Две години со ред е учесник на Меѓународната ликовна колонија
што се одржува во Сапарева бања (Бугарија). Оваа колонија исклучиво
ги собира само ликовните уметници што ја негуваат акварел - техниката.
На оваа колонија учествуваат уметници, по еден, скоро од сите европски
држави. Оваа, а и минатата година, неговите акварели биле прогласени
за најуспешни. Па со тоа се здобил со право да учествува на истата и на-
редната година.
За сб што постигнал на полето на педагошката работа и на ликов-
ната уметност, многу и се заблагодарува на неговата животна сопатнич-
ка, Цветанка, за разбирањата и подршката што му ја давала да може не-
пречено и без проблеми да работи.

