Page 69 - su_klimentohridski
P. 69

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

                 Должноста директор на ОУ „11 Октомври" ја извршува се до 31 ав-
          густ 1965 година, а од 1 септември истата година заминува за кратко да
          работи во ОУ „Рампо Левката“ во Прилеп. потоа е назначен за шеф на
          Катедрата за масовно образование и воспитување при Работничкиот
          универзитет во Прилеп. По формирањето на Центарот за спроведување
          на обука и заштита во Припеп, Трајко е назначен за директор. Како ди-
          ректор на овој центар останува се до 1982 година. Потоа е избран за
          потпретседател на Извршниот одбор на Собранието на Прилеп. Таа
          функција ја извршува до 1986 година, а потоа е избран за секретар на
          Секретаријатот за народна одбрана на Прилеп и тука останува се до
          пензионирањето во 1989 година.

          Александар Сливјаноски

          Поранешен секретар на АМСМ АМД „При-
          лепец“ - Прилеп

                 Роден е 1928 година во Прилеп. Завр-
          шил учителска школа потоа Педагошка
          академија во Скопје на групата општотхе-
          ничко образование. Во училиштето работи
          уште од самиот почеток, 1 септември 1962
          година, на работното место наставник по
          општо техничко образование.
                 Од 1 февруари 1972 година заминува
          на ново работно место Секретар во Авто -
          мото сојузот на Македонија Авто - мото
          друштвото „Прилепец" во Прилеп. Долж-
          носта секретар на АМСМ АМД „Прилепец“
          ја извршува се до пензионирањето во 1982
          година.


          Божидар Василевски (1940-2006)
          Поранешен раководител на служба при Тутуновиот комбинат во Прилеп

                                                          Роден е 1940 година во Прилеп. Завр-
                                                   шил учителска школа на групата францус-
                                                   ки и макдедонски јазик.

                                                          Во училиштето работи од 1 октомври
                                                   1966 година на работното место насатав-
                                                   ник по македонски јазик. Во меѓувреме за-
                                                   вршува вонредно ПА на групата македон-
                                                   ски и српскохрватски јазик и литература на
                                                   југословенските народи. Своето образова-
                                                   ние го заокружува со дипломирањето на
                                                   филолошкиот факултет во Скопје на група-
                                                   та македонски јазик и југословенска кни-
                                                   жевност.

                                                          Во училиштето работи се до 1                септем-
                                                   ври 1972 година кога и заминува на работа
   64   65   66   67   68   69   70   71   72   73   74