Page 68 - su_klimentohridski
P. 68
Основно Училиште ЈКлимент Охридски* - Прилеп
Вонредно завршува Информатика на Економскиот факултет во При-
леп, па по завршувањето, па се до пензионирањето предаваше инфор-
матика во седмо и осмо одделение.
Се до пензионирањето, тој беше одговорен за растурањето на спи-
санието „Нумерус" за Прилеп, а исто така преку него одеше и дистрибу-
цијата на работните тетратки по математика за контролни писмени ра-
боти.
За работата на Друштвото на математичаарите на Прилеп е на-
граден со признание.
Милија Богданоски (1931-1996)
Истакнат педагошки работник
Роден е 1931 година во с. Зркле, Ма-
кедонки Брод. Завршил Виша педагошка
школа во Скопје на групата историја и гео-
графија. Во училиштето работи од 1 октом-
ври 1983, па се до 1 септември 1986 год. на
работното место наставник по географија.
Постигнал добри резулатати и во ре-
довната настава и во работата со слобод-
ните ученички активности. На натпревари-
те по географија постигнал добри резулта-
ти. Активно учествувал и во работата на
семинарите по географија организирани од
страна на Заводот за школство на Прилеп,
како и во Друштвото на наставниците по географија на Прилеп.
Во 1984 година од страна на Педагошкиот совет на СР Македонија
за постигнати резултати во наставно-образовната работа и слободните
ученички активности му беше доделено звањето ИСТАКНАТ ПЕДАГОШ-
КИ РАБОТНИК.
Милија беше активен учесник и во работата на општествено-поли-
тичките организации во Прилеп
Трајко Попоски
Прв директор на ОснОвното училиште
„11 Октомври" Директор на Центарот за
справување на обука и заштита на Прилеп
Роден е 1930 година во Прилеп. Завр-
шил учителска школа а потоа Виша педаго-
шка школа во Скопје на групата македонс-
ки и српскохрватски јазик и литература на
југословнеските народи.
Тој е првиот директор на новоотворе-
ното ОУ „11 Октомври“ во Прилеп, кое за-
почнало со работа во истата зграда со но-
воотвореното ОУ „Климент Охридски“, на 1
септември 1962 година.
Ш

