Page 67 - su_klimentohridski
P. 67
45 години постоењв и развој, (1962/63 - 200712008)
Била член и претседател на Работничкиот совет на училиштето.
Во Друштвото на наставниците по хемија на Прилеп активно учес-
твувала, а била и член на Преседателството.
На семинарите по хемија била активна учесничка со држење на на-
гледни предавања, поднесувала реферати по некои области од хемијата
со своите одмерени дискусии придонесуваала за успешно завршување
на истите.
Во 1983 година за постигнувањата на полето на наставно-образов-
ната работа со учениците и другите активности од животот и работата
на училиштето, од страна на Педагошкиот совет на СР Македонија и бе-
ше доделено звањето ИСТАКНАТ ПЕДАГОШКИ РАБОТНИК.
Надежда е активен учесник и во работата на некои општествено-
политички организации. Активно учествувала во работата на АФЖ и Цр-
вениот крст на Прилеп, како и во Советот за грижи и воспитување на де-
цата. Во еден мандат од четири години, таа е народен пратеник на Со-
бранието на СР Македонија
Во 1976 година од страна на Заедницата за образование на Прилеп
е наградена со рачен часовник и патување во Грција.
Ѓорче Настески (1936 - 2004)
Истакнат педагошки работник
Роден е 1936 година во с. Стење, Ре-
сенско. Завршил учителска школа, а потоа
Виша педагошка школа во Скопје на гру-
пата математика и физика. Во училиштето
работи од 1 септември 1963 година на ра-
ботното место наставник по математика па
се до пензионирањето на 9 март 1993 год.
На полето на наставно-воспитната ра-
бота, како во изведувањето на редовната
настава, така и во работата со слободните
ученички активности, има постигнато добри
резултати. На натпреварите по математи-
ка, на општинските и републичките натпре-
вари, неговите ученици постигнале доста
добри резултати, освојувајќи високи места.
Учесник е и во работата на семинари-
те по матаематика, држејќи нагледни предавања, а со своите реални ди-
скусии секогаш придонесувал за успешно завршување на истите.
Активно учествувал и во работата на самооуправните органи на
училиштето. Бил член и претседател на Работничкиот совет на училиш-
тето и на разни комисии што постоеле, во училиштето.
Во работата на Друштвото на наставниците по математика на При-
леп активно учествувал, а долги години бил и член на претседателство-
Во 1984 година од страна на Педагошкиот совет на СР Македонија
за постигањеата во наставно-воспитната работа, му беиа^Цоделено зва-
њето ИСТАКНАТ ПЕДАГОШКИ РАБОТНИК.

