Page 70 - su_klimentohridski
P. 70

Основно Учипиште Ј<лимент Охридски-- Прилеп


         во Тутуновиот комбинат во Прилеп на работното место раководител на
         служба.

                Покрај редовните работни обврски, активно се занимавал и со пре-
         ведувачка активност. Преведувал од француски, српски и хрватски ја-
         зик. Позначајни преводи од француску јазик му се: „Сен Мар“ од Афред
         де Вињи(заеднички превод со Методија Станчески), потоа „Дамата со
         камелии" од Александар Дима - синот и „Добар ден таго“ од Франсоаз
         Саган. Од хрватски јазик позначаен превод му е од областа на тутуно-
         производството „Облагодарување на тутунот" од познатиот хрватски ту-
        тунски стручњак и основач на Институтот за тутун во Прилеп, инженер
         Рудолф Горник.
                Се занимавал и со новинарство. Започнал уште како просветен ра-
        ботник, а со преминувањето на работата во Тутуновиот комбинат, со но-
        винарство се занимавал почесто. Своите новинарски написи ги објавил
        во „Тутунски лист“ што го издавал Тутуновиот комбинат и во локалниот
        весник „Народен глас“ што го издавала општината Прилеп.

                Како активно вработен во Комбинатот, учествувал во културниот и
        спортски живот на истиот. Како љубител и играч на шахот во 1976 годи-
        на бил и претседател на Шаховскиот клуб „Тутунски комбинат“
                Повремено се јавувал и како спортски соработник со свои написи
        во спортската рубрика на весникот „Нова Македонија". Покрај написите
        од спортот, соработува и со написи од областа на образованието. Во ве-
        сникот „Народен глас“ извесно време е и уредник на Јазичното катче, во
        кое уредил 14 написи од поуките за јазикот. Со прилози од областа на
        културата поточно од животот и работата на КУД „Мирче Ацев“ од Туту-
        новиот комбинат се јавува и со написи од одржаните меѓународни фол-
        клорни фестивали во весниците „Тутунски лист“ и „Народен глас“


        Петар Цветкоски
        Поранешен директор на Основното музич-
        ко училиште „Ордан Михајлоски - Оцка“ во
        Прилеп


               Роден е 1936 година во Прилеп. Завр-
        шил Педагошка академија во Скопје на гру-
        пата музичко образование. Во училиштето
        работи од 1 септември 1964 година на ра-
       ботното место наставник по музичко обра-
       зование. Од ноември 1976 година заминува
       на нова должност директор на Основното
       музичко училиште „Ордан Михајлоски - Оц-
       ка“ во Прилеп и на таа должност останува
       се до пензионирањето.












       Ш
   65   66   67   68   69   70   71   72   73   74   75