Page 77 - su_klimentohridski
P. 77

45 години постоењв и развој, (1962/63 - 2007/2008)


         во Велика британија, каде што се стекнува со нови сознанија од областа
         на приватизацијата за потребите на неговата докторска дисертација.
                По докторирањето е биран за наставник по предметот Економија
         во наставното звање доцент.
                Во 1994 година се стекнува со лиценца за општ проценител од
        реномираната финансиска корпорација КУПЕРС ЛИБРАНД                                   така што ак-
        тивно се вклучува во процесот на приватизација на општествените прет-
         пријатија преку изработка на голем број проценки и програми.
                Во 1997 година е биран за наставник и по предметот Современи
        економски системи во наставно звање вонреден професор, а во 2002 во
        звање редовен професор.
                Познавањето на англискиот јазик му овозможил да има повеќе сту-
        диски престои во странство: Велика Британија, Јапонија, САД, Унгарија,
        Словенија, Холандија, Грција и други земји. Во два наврата од „Темпус"
        програмата е именуван како национален експерт за оценка на проектите
        од оваа програма и по тој повод во 1999 и 2001 година престојува во
        Торино (Италија). Покануван е да партиципира, како експерт, при изра-
        ботката на документот „Развој на човечките ресурси во Западен Балкан,
        на Економскиот и социјалниот комитет на Европската Унија“.
               Професорот д-р Благоја Спиркоски бил биран и за продекан на фа-
        култетот, сенатор и потпретсседател на Универзитетскиот совет на Уни-
        верзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола. Бил член на Универзи-
        тетската конференција во периодот од 1999 до 2003 година, а од 2005
        година е актуелен член на Советот за наука при Министерството за об-
        разование и наука на Република Македонија.
               Студискиот престој на Државниот универзитет во Аризона (САД) во
        зимскиот семестар на 1996 година го користи да се запознае со совреме-
        ните достигнувања во областа на макроекономијата, микроеконимијата,
        менаџерската економија, менаџментот и современите економски системи.
               Во досегашната наставна и научна дејност, професор д-р Благоја
        Спиркоски, објавил 23 научни и стручни трудови во домашни и странски
        публикации, како четири книги, од кои три учебника. со соопоштенија
        учествувал на 22 наужни и стручни собири во земјата и странство, а
        учествувал и во осум научно - истражувачки проекти.
               Ги издал следните книги и учебници:

               1.  Економската демократија и демократските промени - Економски
                  факултет 1995 година;
               2.  Вовед во применета економија — Книгоиздателство „Феникс“ —
                  Скопје 1998;

               3.  Применета економија — книга прва — Друштво за наука и уметност
                  - Прилеп 2002 и

               4.  Применета микроекономија - книга втора — авторизирани белеш-
                  ки, Прилеп 2005.

               Професорот д-р Благоја Спиркоски како наставник                            совесно и одго-
        ворно ја извршува својата професионална работа, секогаш презенти-
        рајќи ја наставната материја на прифатлив и разбирлив начин за студен-
        тите. Секогаш е отворен за соработка и дебата со своите студенти. де-
   72   73   74   75   76   77   78   79   80   81   82