Page 80 - su_klimentohridski
P. 80

Основно Училиште .Климент Охридски" - Прилеп


                 давањата, вежбите и испитите;                                                          -л
               -  флексибилен однос кон студентите;
               -  усовршување на постојните методи и техники неопходни за
                 успешно истражување;
               -  оспособување на студентите за самостојна и критичка проценка
                 на настаните, и
               -  зголемување на мотивираноста кај студентите за автентично и
                 слободно развивање на своите креативни потенцијали.


               Истовремено со успешното и креативно извршување на поставени-
        те работни задачи во образовно-воспитната дејност во изминатиот пери-
        од, интензивно се занимава и со научно-истражувачка дејност. Во перио-
        дот од 1995 година па до денес тој има напишано 92 научни труда со на-
        гласено интердисциплинарен карактер. Сите негови трудови се објаву-
        вани во разни домашни и странски списанија.
               Покрај објавените научни трудови, професор д-р Љупчо Печијарес-
        ки, реализирал и неколку научни проекти во периодот од 1998 до 2006
        година како:

               1.  Влијанието на промените на политичките и економските системи
                  врз вредносните ориентири и типови политичка култура на граѓа-
                  ните од Централна, Источна и Југоисточна Европа со посебен
                  осврт на Македонија;
               2.  Гласот на народот за иднината на Македонија;
               3.  Граѓанска платформа за мир и стабилност;
               4.  Дијагностицирање на етно-културолошкиот амбиент во Р Маке-
                  донија;
               5.  Утврдување на ставовите на граѓаните во однос на интеретнички
                  релации, социјалните проблеми, економскиот развој и Евроатлан-
                 ските интеграции на Р Македонија - студија на случај Прилеп;
               6.  Проект за единствена визија на Македонија, и
               7.  Утврдување на ставовите на граѓаните во однос на правниот и
                 културниот идентитет на државата, владеењето на правото, де-
                 централизацијата, локалната самоуправа и борба против коруп-
                 цијата во Р Македонија - студија на случај Прилеп.

              Покрај реализираните научни проекти, во досегашната негова рабо-
       та како професор на Економскиот факултет во Прилеп, тој ги објавил и
       следните книги:

              1.  Театарската публика во Македонија /1995/;
              2.  Социјалната динамика во критичката теорија на франкфуртската
                 школа /1996/;
              3.  Транзицијата на Македонија, меѓу теорија и пракса во коав-
                 троство со д-р Славица Роческа /1998/;
              4.  Македонија на крајот од дваесетиот и почетокот на дваесет и пр-
                 виот век во коавторство со д-р Димитар Николоски и м-р Стевчо
                 Димески /2002/;
              5.  Социолошки рефлексии /2002/;
              6.  Социологијата и македонската општествена стварност /2007/;


      (22
   75   76   77   78   79   80   81   82   83   84   85