Page 78 - su_klimentohridski
P. 78
Основно Училиште Ј<пимент Охридски' - Прилеп
• *
монстратори и асистенти, укажуваЈКи им соодветна помош при подготву-
вањето на испитите, семинарските работи, проектите, дипломските, ма-
гистерските и докторските трудови.
Проф. д-р Тале Герамитчиоски
Редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот „Свети
Климент Охридски“ во Битола
Поранешен заменик министер во Министерството за образование и
наука при Владата на Р Македонија
Роден е 1962 година во Прилеп. За-
вршил Гимназија во Прилеп, а потоа Ма-
шински факултет во Скопје во 1987 година.
По завршувањето на факултетот се врабо-
тил во фабриката „Еуроинвест - 11 Октом-
ври“ во Прилеп. Во ноември 1987 година е
избран за помлад асистент на Техничкиот
факултет при Универзитетот „Свети Кли-
мент Охридски“ во Битола. Во 1989 година
магистрирал на Машинскиот факултет во
Скопје од областа на машински конструк-
ции. Докторирал во 1993 година, исто така
на Машимскиот факултет во Скопје, од
областа на машински конструкции и истата
година е избран за доцент на Техничкиот
факултет во Битола. За вонреден профе-
сор е избран во 1998 година, а во 2002 го-
дина за редовен професор на Техничкиот факултет при Универзитетот
„Свети Кпимент Охридски" во Битола.
Бил претседател на Советот на Техничкиот факултет во времето
од 1997 до 1999 година. Од 1999 до 2002 година бил раководител на Ма-
шинскиот отсек, а од 2000 до 2002 година бил член на Сенатот на Уни-
верзитетот „Свети Климент Охридски" во Битола. Во септември 2002 го-
дина е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија, а од ноември
истата година е избран за заменик министер во Министерството за обра-
зование и наука при Владата на Р Македонија. Во 2006 година повторно
е избран за пратеник во Собранието на Р Македонија, на која што функ-
ција се наоѓа и сега.
Како професор на Техничкиот факултет во Битола досега објавил
повеќе од педесет стручни и научни трудови во домашни и странски спи-
санија, од областа на машинските елементи и машински конструкции.
Автор е на еден учебник. Издал три скрипти, три учебни помагала
по машински елементи - конструирање и транспортни уреди. Автор е на
Монографијата „Бучава и вибрации кај редукторите" - 1998, коавтор на
Монографијата „Бучава во прехранбената индустрија на Пелагонискиот
регион“ - 2001 година.
Член е на Друштвото за наука и уметност во Прилеп, а исто така и
во Битола, како и член на ГАММ во Германија. Член е на Друштвото за
механика на Македонија со седиште во Скопје.
Ш

