Page 79 - su_klimentohridski
P. 79

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

          Проф. д-р Љупчо Печијарески
          Редовен професор на Економскиот факултет при Универзитетот                                  „Свети
          Климент Охридски" - Битола.

                                                         Роден е 1954 година во Прилеп. Сред-
                                                  но и вишо образование завршил во родниот
                                                  град. Дипломирал на групата Социологија
                                                  на Филозофскиот факултет во Скопје. Од
                                                  1985 година е вработен на Економскиот
                                                  факултет во Прилеп како помлад асистент
                                                  по предметите Основи по марксистичка
                                                  филозофија и Основи на марксистичката
                                                  социологија. Магистрирал во 1991 година
                                                  на Факултетот за политички науки, насока
                                                  Социологија на култура и културна полити-
                                                  ка на тема: „Развој националног позоришта
                                                  и позоришна публика у Македонији". По
                                                  здобивањето со степен магистер на поли-
                                                  тички науки, тој е избран во звањето асис-
                                                  тент по предметот Историја на општес-
          твени теории. Докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, група
          Социологија во 1994 година, со одбрана на дисертацијата под наслов
         „Социјалната динамика во критичката теорија на франкфуртската шко-
          ла“. По докторирањето е биран во звањето доцент, како наставник по
          предметот Историја на општествените теории. Во 1998 година е биран во
          звањето вонреден професор по предметот Социологија со социологија
          на трудот. Во 2002 година е избран во звањето редовен професор по
          предметот Социологија со социологија на трудот.

                 Во периодот декември - јануари 1994/95 година престојувал во САД
          каде што посетува повеќе универзитети, меѓу кои и Колумбија универзи-
         тетот. Истовремено овој престој го искористува за истражување на ма-
          кедонските иселеници во САД од аспект на нивната интегрираност во
         современото американско општество.
                 Во периодот јануари - мај 1998 година престојувал на Универзите-
         тот во Флорида каде што посебно внимание посветил на проблемите од
         општата социологија, социологијата на трудот и менаџментот на човечки
          ресурси.
                 Во текот на своето работење на Економскиот факултет во Прилеп,
         Д-р Љупчо Печијарески, изведувал предавања и вежби на неколку срод-
          ни, но сепак со засебна сциентистичка автономност предмети: Филозо-
         фија, Социологија, Историја на општествени теории, Социологија                                 со со-
          циологија на трудот. Во сите нив го внесол своето знаење, интелектуал-
          ниот хабитус, педагошкото искуство, моралниот дигнитет и пред се голе-
          мата љубов кон студентите. Неговите основни педагошко-едукативни
          начела накратко ги карактеризира следното:


                   отвореност кон новите содржини при конципирањето на настав-
                   ните програми за предметите и научните области што ги предава;
                 - примена на современи едукативни методи за изведување на пре-
   74   75   76   77   78   79   80   81   82   83   84