Page 81 - su_klimentohridski
P. 81

45 години постоење и развој, (1962/63-

                7.  Менаџмент и развој на човечки ресурси /2007/;
                8.  Социологијата како, теорија и пракса /2007/.

                Во неговата досегашна наставно-научна дејност, тој, се потврдил
         како автентичен професор со нагласено чувство за пропедевтичност,
         надополнето со концизен и разбирлив стил при презентирањето на нас-
         тавната материја.
                На 26.03.2007 година е избран за наставник по предметот Социоло-
         гија во звање редовен професор на Економскиот факултет во Прилеп.


         Проф. д-р Благоја Самакоски
         Вонреден професор на Техничкиот факултет при Универзитетот „Свети
         Климент Охридски“ во Битола.

                                                         Роден е 1948 година во Прилеп. Завр-
                                                  шил Гимназија во Прилеп, а потоа Машин-
                                                  ски факултет во Белград во 1972 година.
                                                  Во 1984 година магистрирал на Машински-
                                                  от факултет во Белград на тема: „Дијагра-
                                                  ми стања напон-деформација и критериуми
                                                  чврстоќе композитних материјала“. На ис-
                                                  тиот факултет и докторирал во 1994 годи-
                                                  на на тема: „Критериум за избор полимер-
                                                  них композита као аблативни термозаш-
                                                  титни материјал ракетним моторима“.

                                                         Во 1976 година се вработил во „Енер-
                                                  гоинвест - 11 Октомври“ во Прилеп како за-
                                                  меник генерален директор, одговорен за
                                                  развој на нови производи и проекти, за по-
                                                  доцна да стане генерален директор на ком-
         панијата. Овозможил развој на околу 25 нови технологии и 12 нови ино-
         вации, во период од 17 години. Сите проекти биле на полето на компози-
         тните материјали, електронската индустрија и користењето на личните
         сметачи во подобрување на деловните процеси. Прв во СФРЈ во 1979
         година ги користи личните сметачи во деловното работење и ја предви-
        дува и поттикнува револуцијата во примената на личните сметачи во пе-
         риодот од 1984 до 1988 година. За време на работењето во „Енергоин-
         вест - 11 Октомври" како позначајни достигнувања му се забележуваат:
         формирање и раководење со научна институција во рамките на Стопанс-
         ката организација, Истражувачко-развојна единица ИРЕ во 1990 година,
         воведување различни видови технологии за производство на современи
         композитни материјали за потребите на ракетната индустрија на СФРЈ,
         развивање на специјална анти-балистичка заштита и многу други техно-
         логии.
                Предавал и на Економскиот факултет во Прилеп од 1985 до 1992
         година.
                Во 1990 година, го формира Приватното претпријатие „Микросам".
         Во рамките на својата работа во „Микросам" е носител на проекти со кои
         се конструирани: прво дигитално броило во Македониаја, првиот индус-


                                                                                                               31
   76   77   78   79   80   81   82   83   84   85   86