Page 33 - su_klimentohridski
P. 33

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)
               СЛОБОДНИ КУЛТУРНО - УМЕТНИЧКИ И ЗАБАВНИ

                                     УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСИТ


                Од овој вид на ученички активности во училиштево постоеле и по-
         стојат: литературна, рецитаторска, новинарска, драмска, училишен хор,
         пејачка група, соло пејачи, хармоникашки оркестар, ликовна секција и
         играорна група.
                Одговорни наставници на горе споменатите културно — уметнички
         забавни активности биле сите наставници што го предавале сооветниот
         предмет спрема секцијата.
                Основна цел и задача на овие активности е да го задоволат инте-
         ресот на учениците, членови во секциите, за проширување на желбите и
         склоностите кон нешто кое што на часовите не можат да го добијат
                Сите постигнувања на учениците во слободните активности, тие ќе
         го презентираат пред своите соученици по повод некој празник, во го-
         дишната програма што ја дава училиштето, порано, во рамките на „Пио-
         нерските смотри“, или пак, ќе учествуваат на разни натпревари и кон-
         курси надвор од училиштето.
                Членовите на литературната секција ќе се запознаат пошироко, от-
         колку на редовние часови, со пишување на состави и лични творби, во
         стих и проза, со творештвото на поедини писатели и поети по нивни из-
         бор, ќе ги прошират знаењаата со некои закономерности од теоријата на
         литературата. На тој начин и самите ќе пишуваат, ќе ги презентираат
         своите лични твориби пред своите другарчиња. Исто така ќе учествува-
         ат на разни литературни конкурси.

                Членовите на оваа секција учествувале на сите литературни чита-
         ња организирани од членовите на другите основни училишта од градот
         каде редовно се враќале наградени со некоја книга. Секоја година за па-
         тронатот на училиштето организираат литературно читање со членовите
         од другите основни училишта. Редовно „еднаш месечно, своите лични
         творби ги презентираат на Ѕидниот весник во училиштето, што го уреду-
         ваат самите. Во секоја училишна приредба, организирана по повод некој
         празник, учествувале со лични творби. Редовни учесници се и во годиш-
         ната програма научилиштето во рамките на “Пионерските смотри,, каде
         што освојувале и награди и учествувале во ревијалната приредба, ор-
         ганизирана на крајот со точки од сите училишни програми. Учествувале
         на разни локални и републички наградни литературни конкурси од каде
         што редовно добивали и награди. На литературната манифестација „Ку-
         рирче , што порано се одржуваше во Кичево, редовно освојувааа некоја
         од првите три награди. Освоиле „Гранд — при“ награда на распишаниот
         конкурс од страна на АРМ. Од тие конкурси на АРМ се печатени                                  и книги
         со детски лични творби, во кои редовно со лични творби биле застапени
         и учениците од оваа секција. Во рамките на Струшките вечери на поези-
         јата 25 фестивал на детски — лирски треперења е добиена награда и
         учество на истите. Освен тоа, безброј лични творби од оваа секција се
         нашле и на страниците на детското списание „Наш свет“ и „Развигор".
         Исто така нивни лични творби редовно се наоѓаат
                                                                                   на страниците на учи-
         лишниот      весник „Климентов зрак“ што излегува два пати во годината.
   28   29   30   31   32   33   34   35   36   37   38