Page 36 - su_klimentohridski
P. 36
Основно Училиште Ј<лимент Охридски- - Прилеп
СЛОБОДНИ УЧЕНИЧКИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗДОБИВАЊЕ
СО НОВИ ЗНАЕЊА
Слободни ученички активности за здобивање со нови знаења се
оние активности чија задача е да придонесат за проширување и продла-
бочување на знаењата добиени во наставата и за развиваање на креа-
тивните способности од областа на наставните предмети што се изучу-
ваат во основното училиште.
Сообразно со пројавените интереси, во училиштето се организира-
аат: млади математичари, физичари, хемичари, биолози, историчари, ге-
ографи, љубители на странски јазици, млади техничари, спортски актив-
ности и др.
Во овие групи самостојноста на работата на учениците и истражу-
вачкиот труд кон обработката на образовниот материјал доаѓа до полн и
целосен израз. Овие групи, исто така, продлабочено се запознаваат со
современите достигања на науката и техниката. По својот карактер и
начин на организација, слободните ученички активности за здобивање
со нови знаења, претставуваат додатна настава.
Со овие слободни ученички активности раководеле и раководат
сите наставници што ги предаваат соответните предмети.
Учениците - членови на овие слободни активности претежно се
подготвуваат за натпревари.
Членовите на секциите љубители на странски јазици, англиски и
француски, на своите редовни состаноци ги пришируваат своите знаења
преку читање на странски списанија што ги добиваат во училиштето.
Учат напамет разни дијалози, песнички, се запознаваат со поети и писа-
тели од тие говорни подрачја. Се запознаваат и со земјите и со културно
- историските споменици од тие говорни подрачја.
Овие љубители на странски јазици имаат можност дел од она што
го работат на часовите да го презентираат пред своите соученици во
училиштето со учество на точки во училишните програми, по повод некој
празник, така и во годишната училишна програма.
Тимската работа на секцијата по француски јазик изработила не-
колку различни проекти како: Париз и неговите знаменитости, Прилеп -
мојот роден град, Наполеон Бонапарта, во последно време е изработен
Водич низ Македонија за ученици - франкофони.
Членовите на овие две секции учествувале на сите натпревари,
општински и републички. така во учебната 1971/72 година на општински-
от натпревар освоиле прво место и по англиски и по француски јазик. Во
учебната 1976/77 и 1986/87 година на општинскиот натпревар освоиле
прво место и право да учествуваат на републичкиот натпреваар, а фран-
цуската секција освоила второ и трето место на општинско ниво.
Учествувале и на Олимпијадите на знаења и постигнале солидни
резултати, освојувајќи и награди.
Учениците - членови на секциите млади математичари, физичари и
хемичари во текот на своето постоење покажале добри резултати на
натпреварите, како на општинско така и на републичко ниво.
Во текот на своето постоење секцијата млади матаематичари осво-

