Page 34 - su_klimentohridski
P. 34
Основно Училиште ЈКлимент Охридски" - Прилеп
Покрај наброените активности и успеси, членовите на оваа секција
организирале и литературни средби со познати поети и писатели од Ма-
кедонија. На овие средби присуствувале и со свои лични творби пред
членовите се претставиле: Видое Подгорец, Стојан Тарапуза, Киро До-
нев, Оливера Николова, Рајко Јовчески, Горјан Петрески и други.
Рецитаторската секција има за задача да го негува убавото читање
и рецитирање. Тоа значи, дека на своите состаноци членовите се запоз-
наваат со тајните на убавото читање и рецитирање. Своите достигнува-
ња ги презентирале пред своите соученици на разните училишни при-
редби. Исто така во секоја годишна училишна програма учествувале и
тие со некоја рецитација, рецитал и сл. Секогаш освојувале и награди и
биле учесници и во ревијалните програми на „Пионерските смотри“. Ос-
војувани се награди и од натпреварите по убаво рецитирање, организи-
рани од страна на Градската библиотека „Борка Талески", по повод ме-
сецот на книгата. Членовите на оваа секција подготвиле и безброј реци-
тали на разни теми презентирани пред учениците, но и пред родителите,
на годишните програми што ги даваа училиштето на крајот од годината.
Во новинарската секција учествуват ученици кои имаат афинитет
кон новинарството. Преку оваа секција тие имаат можност да се запоз-
наат со некои тајни на новинарството. Учат да пишуваат мали новинар-
ски дописки. За активна соработка на членовите на секцијата во про-
грамата на Македонското радио Радио - Скопје, со свои дописки за жи-
вотот и работата во училиштето, но и пошироко, една ученичка (Софија
Кепеска) три години со ред беше наградувана со десетодневно летувње
во некое од летувалиштата на Македонија.
Членовите на драмската секција имаат можност да се запознаат со
тајните на толкувањето на драмски текстови, трудејќи се да навлезат во
тајните на глумењето и правејќи споредби со некои текстови, односно
драми што ти гледале на малите екрани, или пак, во театар. Нивната
активност најмногу доаѓаше до израз во годишните училишни приредби
каде биле и наградувани.
Секциите по музичко образование: хорот, пејачката група, соло пеј-
ачите и хармоникашкиот оркестар, имаа за цел да ги задоволат потре-
бите на оние ученици кои имаат склоност кон хорското пеење, соло пее-
њето, или пак свирењето на некој музички инструмент. Настапуваат на
сите училишни приредби, во годишната програма на училиштето по по-
вод „Пионерските смотри“. Тие учествуваат со најмногу точки во тие про-
грами. Скоро секоја година освојувале награди, па биле чести учесници и
во рвијалните програми. Покрај учеството на приредбите, со свои точки,
посебно хорот и хармоникашкиот оркестар учествуваат и на разни регио-
нални и републички натпревари. Освоени се многу први, втори и трети
награди, како и многу дипломи и признанија.
Една од најтрофејните ученички активности е ликовната секција.
Таа има постигнато најголеми успеси, како на локално ниво, така на ре-
публичко, но и на меѓународно ниво. Таа е една од секциите што нашето
училиште го афирмира и надвор од Македонија. Така на меѓународниот
натпревар за детски ликовни цртежи одржан во Јапонија во 1986/87 го-
дина, членовите на оваа секција освоиле три златни и четири сребрени

