Page 38 - su_klimentohridski
P. 38

Основно Учипиште Ј<лимент Охридски“ - Прилеп


         СФРЈ. Овој натпревар немал натпреварувачки карактер, а бил само
         средба на најдобрите екипи по републики и претставувал дружење и
         разменување на искуства во врска со работата на овие ссекции.
                Црвениот крст на Македонија за успешна соработка и освојувње на
         повеќе први места на општинко, регионално и републичко ниво, на оваа
         секција, за прва помош и самозаштита, им доделил повеќе дипломи, при-
         знанија и благодарници. Добиле и диплома од Управниот одбор на на-
         градата „Кирил и Методиј“ на општинската СИЗ за образование и воспи-
         тание од Прилеп за посебно постигнати резултати.

                Исто така и групата за противпожарна заштита при училиштето
        успешно работи. Учествувала на сите општински натпревари за против-
         пожарна заштита и освоиле први, втори и трети места. Од страна на
        Противпожарниот сојуз на Прилеп, добиле повеќе благодарници за ус-
        пешно ширење и развој на противпожарната заштита меѓу младата
        популација.


                                                                   „Дрвото се витка дури е младо“
                                                                   __________ (народна поговорка)


                Кога човек добро ќе размисли, ќе види дека наведенава народна
        поговорка има големо значење во врска со народното раскажување. Таа
        се однесува на работата на географско - планинарската секција, која е
        една од поактивните секции при училиштето. Во неа членуваат ученици
        од петто до осмо одделение, кои ја сакаат природата. Со неа раководи
        професорот по географија и голем вњубеник во природата, Зоран Сре-
        бреноски.
               Активностите на оваа секција се насочени кон запознавање на по-
        блиската и подалечната околина на Прилеп, Прилепско, како и другите
        делови на Република Македонија.
               Работата на часовите на оваа секција се спроведува преку реали-
        зација на теоретски и практични активности. Теоретските активности се
        изведуваат во училиштето преку проширување на продлабочување на
       теоретските знаења од областа на географијата, со изработка на проек-
       ти од различни геогравски свери, работата со топографски карти, ори-
       ентација во просторот и голем број други активности. На тој начин се
       подготвуваат и за натпреварите по предметот географија. Учествувале
       нја сите досегашни општински, регионални и републички натпревари на
       кои освоиле и соответни награди.
              Практичните активности ги реализираат на терен со организирани
       посети на голем број природно - географски и културно - историски ме-
       ста.

              Само преку всадување на љубов кон природата, на учениците уште
       од основното училиште може да ја постигнеме вистинската цел да ја са-
       каме и чуваме природата.
              За таа цел тие преку разните организирани излети и екскурзии до
       определени места, во поблската и подалечнјата околина на Прилеп, а
       исто така и низ целата република, ќе имаат можност да се запознаат со
       убавините со кои располага Македонија. На тој начин, овие мали вљубе-
   33   34   35   36   37   38   39   40   41   42   43