Page 39 - su_klimentohridski
P. 39

45 години постоење и развој,

          ници во природата, ја развиваат својата љубов кон убавините на приро-
          дата и дека таа убавина треба да се негува, сака и чува како би се вос-
          хитувале и наредните поколенија.
                 Преку запознавањето на убавините со кои располага природата:
          планините, шумите, полињата, реките и речните долини, населените ме-
          ста, членовите се запознаваат и со богатото културно — историско мина-
          то на нашиот народ, на нашата убава Република Македонија.
                 За секој излет или екскурзија, претходно се подготвуваат. Ја опре-
          делуваат маршутата, што ќе ја посетат и со што ново ќе се запознаат.
          Одговорниот наставник, но често пати и некој ученик ќе биде задолжен,
          или група, да се подготви со прибирање на знаења за таа релација, како
          во текот на патувањето, ги запознаат своите сопатници. Да им посочат
          на што да обрнат внимание во текот на патувањето и местото каде што
          ќе престојуваат.
                 По секоја изведена екскурзија прават анализа и систематизација на
          се што виделе, што научиле ново во текот на изведувњето на екскурзи-
          јата. Ги анализираат убавите работи, но и слабостите, до колку ги има-
          ло, како не би се повториле друг пат.
                 До сега овие млади вљубеници во природата ги посетиле: пеште-
          рата Змејовци, реката понорница Крапа, преубавата река Велешница,
          манастирите во Зрзе, Слепче, Гостиражни, Селечка Планина, регионот
          Мариово и други места во околината и пошироко на Прилеп.
                 Значајно место во програмата на оваа секција имаат и еколошките
          активности. Една таква еколошка акција беше изведена во второто по-
          лугодие на учебната 2006/07 година во Паркот на Револуцијата, која
         беше поздравена и подржана од локалната самоуправа. Оваа еколошка
          акција со големо заловолство беше поздравена и од граѓаните и меди-
         умите на Прилеп.





































                           Географско -планинарска секција од посетата на Мариово
   34   35   36   37   38   39   40   41   42   43   44