Page 52 - su_klimentohridski
P. 52
Основно Училиште Ј<лимент Охридски" - Прилеп
СЛЕДЕЊЕ, ВРЕДНУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА
ВОСПИТНО- ОБРАЗОВНАТА РАБОТА
Според Законот за основно образование во училиштето е организи-
рано систематско следење, вреднувњае и унапаредување на воспитно-
образовната работа.
Директорот, како педагошки раководител, врши планирање и про-
грамирање на целокупната воспитно-образовна работа во училиштето.
Тој, како педагошки раководител според Законот за основно образова-
ние, е должен во текот на годината да ги посети на час сите наставници
по еднаш во полугодие, а по потреба и повеќе. По извршената посета,
заедно со посетениот наставник, вршат анализа на работата на часот.
Секој наставник во текотна учебната година е должен да има из-
работено годишно распределение на наставниот материјал по предметот
што го предава, а во одделенска настава по сите предмети, според наст-
авниот план и програм. Ова нешто го правеле секоја година сите настав-
ници од самиот почеток па до денес. Покрај годишните распределенија,
секој наставник прави неделен оперативен план што го доставува кај
директорот како и дневен конспект за секоја методска единица.
Покрај посетата на наставниците од страна на директорот, секој
наставник во текот на годината е посетуван и од Самостоен педагошки
советник од Педагошкиот завод на Македонија. Освен поединечните
посети порано, Педагошкиот завод организираше и општи увиди кои тра-
еја по две недели. Беа посетувани сите наставници. По извршената по-
сета се организираше дискусија за посетата, а во врска со изведувањето
на наставата. Се донесуваа и одредени заклучоци кои треба да се спро-
ведат во понатамошниот период.
Освен овие посети, Педагошкиот завод, редовно организираше и
семинари по сите предмети, за усовршувње на наставниците. На овие се-
минари, наставниците од нашето училиште, земаа активно учество пре-
ку држење на нагледни предавања, поднесување на реферати од поеди-
ни наставни области, или пак, поднесуваа и методски прикази по кои се
водеше расправа.
Горе наведените работи служеа и за оценување на педагошката
работа на наставниците. До учебната 1966/67 година работата на настав-
ниците ја оценуваше Училишниот одбор во соработка со директорот на
училиштето. Се доделуваа оценките: особено се истакнуваа, се истак-
нува и задоволува. Ако наставникот три години со ред добиеше оценка
особено се истакнува, добиваше унапредување еден платен разред по-
горе. Потоа тој систем на наградување се укина, бидејќи се укинаа и
Училишните одбори, а на нивно место дојдоа Работничките совети. на-
градувањето на наставниците беше заменето со Правилник во кој посто-
еја повеќе графи од изведувааењто на наставно-воспитниот процес со
доделување на бодови. Овој начин на наградување меѓу наставниците
не беше баш многу популарен, па со формирањето на Самоуправната за-
едница за образование овој систем на наградување на наставниците 6е-
ше заменет со друг. Тој се состоеше од две графи: образование, више
или високо за кое нешто се добиваа одреден број на бодови и сложе-

