Page 49 - su_klimentohridski
P. 49
45 години постоењв и развој^Ј1ј)62/63--^007/2008)-—-^_^_______________
Сојузот на пионерите имаше и свое раководство. Во секоја прара
избира раководство од три члена: претседател, благајник и
лелка се
член. I Претседателите од сите паралелки го сочинуваат Советот на пио-
нерите на училиштето и избираат свое раководство составено од прет-
седател, заменик, благајник и член. За работата во текот на годината
изработуваат и своја годишна програма за работа. Покрај раководство-
то, во Советот на пионерите, влегува и еден наставник,, како одговорен.
Организацијата Сојуз на пионерите на децата до 15 - годишна возраст
постоеше до 1981 година, а од таа година наваму се формира Младинс-
ка организација. Се до 1981 година учениците што завршуваа осмо од-
деление во месец мај, поточно на 25 Мај - Денот на младоста, беа прима-
ни во младинската организација и како такви се запишуваа во средните
училишта. Од 1981 година дојде до промена, па покрај Пионерската ор-
ганизација, во основните училишта се формира и Младинска организаци-
ја во кја членуваа учениците од осмо одделение. Во неа се примаа завр-
шените седмооделенци, исто така на 25 Мај - Денот на младоста. И таа
имаше свое раководство: претседател, секретар, благајник, како и еден
наставник кој беше одговорен за работата на истата организација.
Изготвуваа и своја годишна програма за работа. Покрај редовните актив-
ности, тие како младинци, организираа и игранки во училиштето во не-
работните саботи.
И Младинската организација ги имаше скоро истите цели и задачи
како и Пионерската.
Освен Пионерската и Младинската организација, во училиштето
постоеше Подмладок на Црвениот крст. Во неа членуваа сите ученици
од прво до осмо одделение. Таа претставуваше хуманитарна и социјал-
но-здравствено-воспитна општествена организација на учениците од ос-
новните училишта.
Целите и задачите на Подмладокот на Црвениот крст на учениците
од основните училишта беа:
- развивање на хумани чувства на своите членови;
- подигнување на здравствената култура
- развивање на пријателство и разбирање меѓу народите.
Овие задачи на Подмладокот на Црвениот крст ги реализираше
преку разновидни активности; собирни акции од разновиден карактер,
одржување на хигиената во училницата и училиштето, организирање на
семинари и курсеви за здравствено просветување и сл.
Имаше свој одбор, кој се избираше на собранието на Подмладокот.
Секоја паралеалка имаше свој актив и раководство на Подмладокот на
Црвениот крст. Покрај раководството, составено од учениците, имаше и
еден наставник, како одговорен.
Покрај горе наведените ученички организации, во училипштето пос-
тоеја и организации на вработените: Партиска организација на СКМ и
Синдикална организација.
Партиската организација на СКМ во училиштето ја сочинуваа мал
број на членови од вработените во училиштето. Имаше секретар, блага-
јник и три члена на така нараечениот Извршен комитет. Најзината цел и

