Page 51 - su_klimentohridski
P. 51
45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)
Во текот на учебната 2006/07 година Ученичката заедница на уче-
ниците ги реализирала следните активности:
- работилница на тема : „Стереотипи и предрасуди";
- конфликти и нивно решавање по мирен пат;
- изработка на проекти на тема: алкохолизам, дрога, пушење и сида;
- спроведувње на ЕКО - патрола во училиштето;
- еколошка акција во Паркот на Револуцијата;
- новинарско катче што се емитува секој понеделник во рамките на
одделенскиот час преку разгласната станица;
- подготвен и отпечатен училишниот весник „Климентов зрак‘\ и
- други содржини поврзани со манифестации на ниво на градот.
Претседател на ученичката заедница
на учениците при училиштето е ученичката
Симона Зероска.
Родена е 1992 година во Прилеп. Ре-
довна ученичка во осмо одделение. Во сво-
ето досегашно школување е примерна уче-
ничка и како таква им служи за пример на
своите соученици. Од прво па до осмо од-
деление секогаш поминувала со континуи-
ран одличен успех.
Од организациите на вработените во
училиштето остана само синдикатот за об-
разование наука и култура (СОНК).
Работи според Статутот кој е донесен
на четвртиот Конгрес на Самостојниот син-
дикат за образование, наука и култура.
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Репуб-
лика Македонија е самостојна, демократска, независна организација на
работниците, во која доброволно се зачленуваат заради застапување,
остварување, заштита и унапредување на своите економски, социјални,
работоправни, професионални, образовни, културни и други поединечни
и колективни интереси.
Претседател на СОНК во училиштето
е професорот по географија Зоран Сребе-
носки.
Роден е 1957 година во Прилеп. Завр-
шил Природно - математички факултет во
Скопје на групата географија. Во училиш-
тето работи од 1 септември 2004 година на
работното место професор по географија.
Претседател на ОО на СОНК во училиш-
тето е од ноември 2006 година.

