Page 50 - su_klimentohridski
P. 50

Основно Училиште Ллимент Охридски* -Прилеп


         задачи беа да го подигнуваат марксистичкото образование на своите
         членови, учествуваше во решавањето на сите проблеми во училиштето,
         и на некој начин во тоа време, претставуваше како филтер, не само во
         училиштето, туку и во самото општество.
                Освен Партиската организација на вработените во училиштето, пос-
         тоеше и Синдикална организација. Во неа членуваа сите вработени во учи-
         литтето. Имаше и свое раководство: претседател, заменик и благајник.

                Во почетокот оваа организација имаше повеќе карактер на органи-
         зација која се грижеше како:

                -  еднаш месечно организираше состанок со вработените - настав-
                  ниците, на кој се држеа нагледни предавања;
                -  учествуваше во решавањето на некои проблеми во училиштето;
                -  организираше за своите членови разни прослави како: Нова
                  година, 8 Март - Ден на жената, разни екскурзии, излети и
                -  вршеше разни снабдувања на членовите со прехранбени продукти
                  на отплата и сл.

                Изведени се повеќе екскурзии низ републиката, еднодневни, посе-
         тувајќи повеќе одморалишта, ккултурно-историски споменици и други
         места. Целта на овие екскурзии беше подобро зближување на вработ-
         ните. Секогаш се изведуваа на крајот на учебната година.

                Покрај овие екскурзии, Синдикатот организираше и екскурзии над-
         вор од републиката. Такви екскурзии се изведени до Атина (Грција),
        Италија и една со посета на повеќе европски држави: Унгарија, Австрија
        и Чехословачка во траење од седум дена.
                Од досега наброените ученички и организации на вработените во
        училиштето, по осамостојувањето во независна и самостојна Република
        Македонија, останаа само две организации: Ученичката заедница на
        учениците и Синдикатот за образование наука и куклтура (СОНК).
               Поранешната Пионерска и Младинска организација, сега во учили-
        штето постои само една, Заедница на учениците од прво од осмо одде-
        ление.
               Во секоја паралелка постои Заедница на учениците од паралелката.
               Ученичката заедница на училиштето е највисока форма на органи-
        зирање и дејствување на учениците во училиштето. Се конституира на
        почетокот научебната година откако ќе се формираат Ученичките заед-
       ници на паралелките. Секоја паралелка делегира одреден број на чле-
       нови за во училишната заедница.
               Целите и задачите на оваа заедница е да ја следи и координира ра-
       ботата на Ученичките заедници на паралелките. Својата активност ја
       остварува по однапред изготвена програма спрема програмите на Уче-
       ничките заедници на паралелките, родителите и сл.
              Задачите за работата на Училишната заедница на учениците се:

              -  преземање мерки и активности за поуспешно учество на учени-
                ците во воспитно-образовната работа;
              -  организирање општествено-корисна работа;
              -  развивање на културно-забавниот живот на учениците и сл.



      ЅЗјЈ
   45   46   47   48   49   50   51   52   53   54   55