Page 83 - su_klimentohridski
P. 83

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

         низ   вештачки мембрани, до синтеза и карактеризација на ноночестички
         на благородни метали.
                По магистрирањето на Институтот за хемија во Скопје, започнал
         интензивна меѓународна соработка. Соработувал со истражувачи од
         Белград, Прага, а особено со Институтот во Загреб, „Руџер Бошковиќ“.
         Потоа соработката ја проширил со институции од: Германија, Франција,
         Полска, Португалија, Русија, а од 2006 година и со Словенија.
                Добитник е на повеќе награди од странство. Особено е задоволен
         од добиената стипендија за постдокторски истражувачки престој во
         Германија од Фондацијата „Александер Вон Хумдолдт“. Оваа стипендија
         ја добиле само десетина научници од нашата земја во периодот на
         СФРЈ, а тој единствен во ова време. По едногодишниот престој во Гер-
         манија, Фондацијата му доделила награда во облик на дополнителна
         поддршка за неговата научна работа во домашната институција, како и
         богата лабораториска опрема за формирање на нова лабораторија по
         хемија. Највисокото признание го добил во 2006 година на Светскиот
         конгрес за електроаналитичка хемија во Бордо (Франција). Француското
         хемиско друштво му ја доделува првата награда за млад истражувач
         што дал особен придонес во развојот на електроаналитичката хемија.

                Во последниве години интересот го насочил кон. биоелектрохемија-
         та, односно кон примената на електрохемиски методи за анализа на
         процесите во живите организми, или за проучување на хемиски системи
         што ги стимулираат процесите во живите организми. Посебно го интере-
         сираат процесите што се случуваат во клеточните мембрани. По враќа-
         њето од едногодишниот престој во Германија, формирал Граѓанско здру-
         жение „Хумболг ДААГ клуб - Македонија“ со задача да ја зајакне и про-
         мовира научната и академската соработка на Македонија со Германија,
         но и со другите земји од Европската Унија. Тие активности резултирале
         со отворање на канцеларија (информативен центар) на Институтот за
         хемија финансиски поддржан од Германската влада.


         Проф. д-р Татјана Најдоска - Атанасоска
         Доцент на Педагошкиот факултет при Уни-
         верзитетот „Свети Климент Охридски“ во
         Битола.

                Родена е 1966 година во Прилеп. За-
         вршила Гимназија во Прилеп, а потоа Фи-
         лозофски факултет во Скопје на Институ-
         тот за педагогија. Дипломирала 1989 годи-
                                                                                           <- -
         на со висок просек (9,08). Високиот просек
         на студии и овозможил да го продолжи об-                                                              :
         разованието на истиот факултет на пост-
         дипломски студии. Магистрирала во 1994
                                                                           /
         година. По магистрирањето, истата година ј*^
         се вработила како воспитувач во Ученич-
         киот дом „Орде Чопела“ во Прилеп. На тоа
         работно место останала до 2003 година.
                Како воспитувач во Ученичкиот дом, Татјана учествувала                             во подго-
   78   79   80   81   82   83   84   85   86   87   88