Page 88 - su_klimentohridski
P. 88

Основно Училиште Ј<лимент Охридски' - Прилеп

                  Словени од доселувањето до крајот на 14-от век во светлината
                  на археолошката документација;
                -  Етногенезата на Јужните Словени со посебен акцент на етно-
                  генезата на македонскиот народ;
                -  Македонската народна митологија;
                -  Јозеф обромбски - еден од најистакнатите странски истражувачи
                  на народната култура на Македонците и други.

                Д-р Владимир Караџоски е член на Етнолошкото друштво на Маке-
        донија и на Друштвото за наука и уметност од Прилеп, чии што е и ак-
        туелен претседател.


        Проф. д-р Анита Трајкоска - Ристеска
        Наставник - дефектолог во посебните паралелки при ОУ „Климент
        Охридски“ во Прилеп


                                                         Родена е 1969 година во Прилеп. За-
                                                  вршила Средно медицинско училиште во
                                                  Прилеп. Љубовта кон лицата со интелекту-
                               7!                 ални потреби и дала повод и по завршува-
                                                  њето на медицинското училиште, да се за-
                                 ‘ж. +.
                                  ♦ч              пише на Дефектолошкиот факултет во
                         9 ►
                            •г
                                                  Белград и на истиот дипломирала во 1992
                                                  година.
                                                         По завршувањето на факултетот се
                     г
                                                  вработува во училиштето во кое што го за-
                                                  вршила и основното образование, во посеб-
                                                  ните паралелки при ОУ „Климент Охридс-
                                                  ки“ во Прилеп, како наставник - дефекто-
                                                  лог. Покрај изведувањето на редовната на-
                                                 става, таа се запишува на постдипломски
                                                 студии од областа на олигофенологијата на
       Дефектолошкиот факултет во Белград. Магистрирала во 2001 година, а
       докторирала во 2006 година на Институтот за дефектологија во Скопје.
               Континуирано ја следи дефектолошката наука што се потврдува и
       со објавување на научни трудови, при што посебно се истакнува научни-
       от труд под наслов „Раната детекција и распоредување на децата со
       пречки во развојот во општина Прилеп“, објавен во списанието „Дефек-
       толошка теорија и практика“ во 1998 година. Зема активно учество на
       научни и стручни собири. На научниот собир одржан во Струга во 1996
       година, таа настапува со темата „Раното откривање на децата со пречки
       во психолошкиот развој во општина Прилеп“. Овој труд е презентиран и
       на Првиот меѓународен симпозиум за рана детекција, дијагностика и
       предучилишно воспитание на децата со пречки во развојот.
              Во Струга во 2002 година, на научниот собир, настапила со темата
       „Подготвеноста на училиштата за прифаќање на децата со посебни по-
       треби во општина Прилеп“. Овој труд е презентиран и на Семинарот ор-
       ганизиран од Сојузот на дефектолози на Македонија за досегашните
       искуства од интеграцијата, инклузијата и деинституционализацијата на
       ш
   83   84   85   86   87   88   89   90   91   92   93