Page 89 - su_klimentohridski
P. 89

45 години постоење и развој, (1962/63 - 2007/2008)

        хендикепираните лица во Р Македонија.
               Покрај научните трудови, Анита има издадено и една книга под на-
        слов „Облик на индивидуализација во наставата по македонски јазик во
        основните училишта во Р Македонија за ученци со пречки во психичкиот
        развој" - јуни 2007 година.
               Покрај научната и стручна преокупација, д-р Анита покажува интен-
        зивна активност и е член на Комисијата за категоризација на лицата со
        пречки во психофизичкиот развој на општина Прилеп уште од 1992 го-
        дина, па до денес. Од 1992 година таа е активен учесник и во работата
        на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Пора-
        ка“ од Прилеп, а воедно е и член на Извршниот одбор.
               Карактеристично за д-р Анита е тоа што работи во училиштето во
        кое што и завршила основно образование. Исто така таа е единствениот
        доктор на наука што работи како наставник - дефектолог во основно
        образование во општина Прилеп, а можеби и во Р Македонија.




        М-р Златко Боцески
        Поранешен директор и претседател на Управниот одбор на АД „Микрон"
        - Прилеп

                                                        Роден е 1958 година во Прилеп. Завр-
                                                 шил Гимназија во Прилеп, а потоа Елек-
                                                 тротехнички факултет во Белград во 1982
                                                 година. Постдипломски студии завршил во
                                                 1991 година на Електротехничкиот факул-
                                                 тет во Скопје на тема „Електрични микро-
                                                 мотори со висококоерцитивни перманентни
                                                 магнети“.
                                                        По завршувањето на студиите, во
                                                 1982 година, се вработил во „Металскиот
                                                 завод Тито“ во Скопје како конструктор на
                                                 електрични апарати и уреди во Техничкиот
                                                 институт. Во 1989 година преминува на ра-
                                                 бота во фабриката „Микрона во Прилеп на
                                                 работно место раководител на одделение-
                                                 то за развој и истражување. На таа долж-
        ност останува се до 1994 година кога е прогласен за технолошки вишок.
        Истата година формира приватна фирма „Рото електрик“ ДОО Прилеп
        каде што се занимавал со трговија на мало со детски електронски видео
        игри. Во 1999 година, по промената на раководството во АД „Микрон", е
        избран за генерален директор и претседател на Управниот одбор на ис-
        тата фирма, се до 2002 година.
               Има учествувано на многу семинари, симпозиуми и саеми во многу
        странски земји: Германија, Франција, Англија, Италија, Чешка, Полска,
        Русија, Турција, Египет, Иран, Тајван, Јапонија и други.
               Во 1998 година бил на стручно усовршување и специјализација во
        Токио (Јапонија) на тема „Ревитализација на фабриките во Источноев-



                                                                                                              *ЅЈѕ]
   84   85   86   87   88   89   90   91   92   93   94